
Сјајот за усни нема да дозволи виното да се впие во кожата.
Уживате во една чаша вино, или, пак можеби 3, но секогаш кога ќе дојдете до втората чаша убавата вечер ви се уништува. Повеќе не изгледате како кога сте излегле од дома. Напротив, имате сини заби и виолетови усни.
Мојата девојка никогаш не сака да пие црвено вино со мене. Срам и било дека усните ќе и станат виолетови и дека повеќе нема да ми биде убава!
Марко, 27
Виолетовите усни ги сметам за предизвик. Ставам само сјај на усните и изгледам пак секси!
Јасмина, 30
Еве неколку совети за да се заштитите од бојата на виното, без да се откажете од вкусот!
ЗАПОЧНЕТЕ ЈА ВЕЧЕРТА ПРАВИЛНО
Пред да започнете да пиете вино, убаво измијте ги забите вклучувајќи ги и јазикот и усните. На тој начин ќе ги отстраните мртвите клетки од кожата. Само така ќе спречите виното да ја обои кожата во овие делови.
СТАВЕТЕ ЗАШТИТА НА УСНИТЕ
Девојки, ставете сјај на усните. Виното нема да остава траги бидејќи капките ќе се задржат на сјајот и нема да се впијат во кожата. Мажите убаво би било да стават балсам за усни и подготвени се за пиење црвено вино. Исто така, во текот на целата вечер пијте вода. Така спречувате дамките да се формираат.
ПРОБАЈТЕ ДРУГО ВИНО
Можеби сте голем љубител на црвеното вино, но пробајте бело, можеби ќе ви се допадне. Ако не сте задоволни, чашата црвено резервирајте ја за со оброкот. Не пијте го црвеното вино на суво. Храната не му дозволува на виното да остава дамки.
И секако, може да не правите ништо во врска со виолетовите усни. Само носете ги со гордост, знаејќи дека сте поминале преубава вечер со вашите другарки, кои исто така ја имаат таа виолетова дамка на усните како и вие!


















































