se_stiskaАкне вулгарис- опис, причини и лекување
Проблем на 85 % од адолесцентите, денес и на возрасните.
5_cekori_za_akniСтискање на акни во 5 чекори
Стискањето на акните, и во домашни услови, можете да го изведете професионално!
AP081015053259Уметноста на нанесување парфем
Што е дозволено, а што не?
stava_kremaКујната и одговара на вашата кожа
Дали сте знаеле дека можете да направите домашни рецепти за секој тип на кожа?

Изгледајте слабо без вежбање и диети

sport_na_plaza

Високите потпетици во комбинација со спорт се решение за секси нозе.

Ви здодеа постојано да барате на интернет вежби за слабеење или пак да се распрашувате за квалитетни диети? Додека чекате видливи резултати од режимот на исхрана и спортувањето, ние ви нудиме неколку трикови што ќе ве направат слаби, без да јадете двопек секој ден и слободното време да го поминувате во теретаните.

НОЗЕ

Рамните чевли без потпетици (балетанки или римјанки) визуелно ги скратуваат нозете. За да имате убава и долга нога како манекенките на модните писти, облечете високи потпетици (уште поубаво доколку се во слична боја со вашата кожа). Потпетицата и сличната нијанса со кожата ќе ги издолжат вашите нозе и ќе ве направат повисока. Високата нога е попривлечна од големите колкови. Така момчињата ќе обрнуваат поголемо внимание на вашите долги нозе отколку на колковите.

ТРИ ЧЕТВРТ ПАНТАЛОНИ

Панталоните до под колена, или попознати како капри панталони, ги скратуваат нозете. За да оставите впечаток дека имате долги и тенки нозе, практикувајте да носите панталони до глужд, без џебови и кои се закопчуваат на предната или на задната страна.

ЗДОЛНИШТА ВО ВИД НА А

Ваквите здолништа и оние со рамен крој, со должина до колената се најдобар избор ако сакате да изгледате слабо. За разлика од нив, кратките и мини здолништата не се добар избор зошто додатно ги нагласуваат колковите и бутините.

ЛИЦЕ

За да ги истакнете цртите на лицето, нанесете бронзено руменило на брадата, делови од челото, по должината на целиот нос и на јаболкцата. Но, нанесете го во мали мери за да ги нагласите контурите на лицето, зошто премногу руменило може да има спротивен ефект.

КОСТИМ ЗА КАПЕЊЕ

Добро одбраниот костим за капење визуелно може да ги издолжи нозете и да ги нагласи женските облини, а да го одвлече вниманието од критичните делови. Моден хит стануваат едноделните костими што дополнително ги скриваат недостатоците и ги истакнуваат облините на женското тело, што е пријатна вест за спротивниот пол.

СТАВ

Сигурно сте забележале дека девојките кои изгледаат самоуверено и веруваат во својот изглед, навистина изгледаат убаво. Мааните кои ги поседувате, ги забележувате само вие и доколку почнете постојано да се жалите за нив, верувајте дека и другите ќе почнат да ги забележуваат.

Концентрирајте се на предностите и мислете само на нив. Заборавете на недостатоците. Бидете самоуверена и тоа веднаш ќе се познае на вас.

Повеќе за:


 
Unique-avgust
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери

Error: Any articles to show

11-02-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

News image

Seann William Scott

News image

Charlie Sheen

News image

Jason Priestley/Luke Perry

News image

Russell Crowe

Успеав да го добијам работното место со... (потсетување: анонимно!)