
Маслото од лаванда е најдобро за масажа - ќе ве доведе до многу релаксирана состојба.
Етеричните масла помагаат во лечење на телото и подигнување на имунолошкиот систем. Мирисите делуваат суптилно на вашиот дух. Еротичните масла влегуваат во организмот преку кожата. Затоа најдобро е да направите домашна купка по свој избор. Тоа е најдобар начин да бидете сигурни дека купката содржи само природни производи.Ние ви даваме пример, а вие можете слободно да си поигрувате со комбинациите на разните етерични масла.
Купката се прави на следниот начин:
Состојки:
6 капки масло од портокал
4 капки масло од грејпфрут
3 капки масло од лимон
2,5 децилитри дестилирана вода
100 гр. течен сапун
100 гр. глицерин
Начин на подготовка: Помешајте ја водата, сапунот и глицерин и потоа додадете ги етеричните масла. Оваа купка е најдобро да се применува наутро затоа што освежува и дава енергија.
Други масла што ви ги препорачуваме:
Масло од јасмин - добро е за подобрување на расположение и ослободување од стресот и нервозата. Ова масло е познат афродизијак и добар е за против импотенција и фригидност, а помага и од ослободување од менструалните болки.
Масло од лаванда - исто така го подобрува расположението, може да се користи како состојка во купка или пак за масажа. Овозможува чувство на топлина и релаксира, а може да се користи и како мирис за простории.
Масло од роза - смирува, прочистува, го подигнува духот и самодовербата. Одлично масло за нега на сува кожа, како и за испукани капилари и акни. Ова масло еротизира и ја регулира рамнотежата на женските хормони. Одлично е и за трудници.
Слични текстови
- 06/07/2010 - Лимон против целулитот
- 29/06/2010 - Сакате да имате секси темен тен?
- 25/06/2010 - 7 тајни за убавина на славните
- 24/06/2010 - Мејкап предлози за ова лето
- 10/06/2010 - Изгледајте слабо без вежбање и диети
- 09/06/2010 - Заборавете на трагите од црвено вино!
- 07/06/2010 - Несоодветна облека за првиот состанок
- 03/06/2010 - 5 сурови факти за солариумот
- 01/06/2010 - Топ 6 трендови за убавина
- 25/05/2010 - Со малку труд до секси нозе

























