
И самите можете да ги избелувате забите. Помалку ќе ве чини и нема толкава штета да им нанесете на забите.
Сите ние сакаме да имаме убави усни, забите да ни се беспрекорно бели и да имаме преубава насмевка. Професионалните третмани понекогаш можат да бидат многу скапи, а секако дека тоа не може секој да си го дозволи.
Затоа ние ќе ви откриеме неколку трикови, со кои ќе можете да постигнете видливи и успешни резултати.
ДОМАШНО ИЗБЕЛУВАЊЕ
И самите можете да ги избелувате забите. Помалку ќе ве чини и нема толкава штета да им нанесете на забите.
Се што ви е потребно е карбамид пероксид, во вид на гел со 10-16% јачина и протеза. Протезата може да ја набавите од вашиот стоматолог. Нанесете го гелот во протезата, ставете ја и држете ја во текот на целата ноќ.
За ова може да помогне и сода бикарбона. Измешајте една лажица сода бикарбона со сол и неколку капки јаболков оцет. Добиената смеса ќе пени. Нанесете ја на четка за зави и најнормално измијте ги забите. Потоа секако измијте ги со паста за заби.
Ова применувајте го еднаш неделно.
ЧЕСТО ПЛАКНЕЊЕ
Секогаш кога сте во можност, плакнете ја устата со вода. На тој начин се ослободувате од остатоците од храна. По секој оброк, плакнете ја устата за да се ослободите од непријатниот мирис од храната и за да ги исчистите забите.
СВЕЖО ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК
Погрижете се што почесто да јадете јаболка, јагоди, целер или морков. Џвакањето предизвикува лачење плунка која ги уништува бактериите и ја одржува белината на забите.
Пробајте забите да ги триете со згмечена јагода. Јагодите содржат ензими за избелување на забите. По овој третман, измијте ги забите со паста за заби.
КАРМИН
Користите кармини кои визуелно ги прават забите побели. За да се постигне ваков ефект користете розови, бордо или црвени кармини. Доколку имате пожолти заби, избегнувајте ги кармините со портокалова боја, што дополнително ја истакнува жолтата боја на забите.
ЏВАКАЊЕ МАСТИКИ
Доколку водата за плакнење на забите не ви помага, џвакајте мастики со засладувач, што е совршена замена за шеќерот. Тој ги уништува бактериите кои се создаваат во устата.
.gif)






















.gif)























