akniСоодветна нега за мрсна кожа
Хормоните одговорни за мрсната кожа.
maici-vo-leto-boiМаици во летни бои
Какви маици се идеални за ова лето?
za_nadvor_bikini_dodatociБикини додатоци
Кои модни додатоци ќе ги прекријат недостатоците и ќе го истакнат сексапилот?
kosa1_copy_copy_copyКако да го спречите електрицитетот на косата?
Избирајте капи од природна волна, крзно или памук!

Волшебниот допир е лек за продолжен живот!

masaza_so_brasno

Кинеската масажа подразбира благ притисок во склад со енергетските точки (глава, раце, лакти, подрачјето помеѓу стапалата и колената).

Масажата е лековита терапија за умот и телото. Безбедна е, смирува и се препорачува неколку пати годишно без оглед на возраста, здравствената состојба, а уште помалку работниот ангажман. Масажата ќе ве направи посреќни бидејќи го поттикнува излачувањето на серотонинот, а ќе успее да се справи и со болката преку 100% природниот антибиотик - ендорфин. Го потпомага соочувањето со стресното секојдневие од причина што го намалува излачувањето на кортизолот (хормон на стресот). На тој начин индиректно штити од низа болести што настануваат како последица на неизбежната нервоза (висок крвен притисок, болести на срцето).

ЛИМФНА ДРЕНАЖА

Лимфната дренажа подразбира серија од ритмични движења со кои се буди лимфниот систем. Функцијата на лимфниот систем е да го чисти организмот од штетните материи и вишокот течности. Лимфната дренажа препуштете им ја на физиотерапевтите или козметичарите, ако сакате да ги почувствувате нејзините ефекти. Масажата почнува и завршува во точно одредена точка во коренот на вратот, со цел истата да се ослободи и лимфата да продре во крвта. Масирањето продолжува под пазувите, нозете и препоните.

ШИАТСУ

Јапонска терапија што се темели на кинеските традиционални методи на лекување. Станува збор за низа притисоци врз клучните точки со цел да дојде до проток на енергија во одделните органи. Според ориенталното учење, секој проблем (физиолошки и психички) настанува како резултат на пореметување на енергетската рамнотежа.

КИНЕСКА МАСАЖА

Кинеската масажа подразбира благ притисок во склад со енергетските точки (глава, раце, лакти, подрачјето помеѓу стапалата и колената). После неколку нежни кружни движења, масерот задава кратки удари со се поголем интензитет. Освен што се крајно пријатни, ударите ќе го поттикнат протокот на енергија за на крај да се воспостави баланс во духот и телото.

РЕФЛЕКСОЛОГИЈА

Со притискање на одредени точки на рацете и стапалата (завршетоците на нервите), се активираат рефлексите што делуваат врз точно одредени делови од телото. Крајот од секој третман е резервиран за додатна стимулација за опуштање и намалување на напнатоста. Со оглед на ефектите врз човековиот организам, ваквата масажа препуштете им ја на стручњаците.

ТАЈЛАНДСКА МАСАЖА

Традиционалната тајландска масажа е комбинација од кинеската масажа, шиатсу, стречинг и киропрактика. Со дланките, прстите, колената, лактите, па дури и со стапалата се врши притисок врз меридијаните на телото, а со тоа се подобрува протокот на енергија. Ќе се облечете во кимоно, ќе легнете на под и масажата може да започне. Третманот започнува со масирање на стапалата и продолжува по цело тело во траење од час и половина. Оригиналната тајландска масажа трае и до два часа.

ТРАДИЦИОНАЛНА МАСАЖА

Се употребуваат традиционални движења како триење, благи удари, милување и нежно штипење. Со цел рацете лесно да лизгаат по телото, се користат есенцијални масла. Прво се масираат стапалата за да се стимулира циркулацијата. На препоните се разбиваат лимфните јазли, додека абдоменот се масира со кружни движења. Масажата завршува со опуштање на грбот. Благодарение на топлината што се создава како резултат на триењето, кожата добива сјај.

КАЛИФОРНИСКА МАСАЖА

Подразбира секаков тип на движења, особено оние што потсетуваат на месење тесто. Започнува со благи удари на петите, а завршува со нежно масирање на градите со цел да се затегнат.

АЈУРВЕДСКА МАСАЖА

Потекнува од ајурведската медицина стара повеќе од 5000 години, а се темели врз учењето за трите доши - три типа на енергија кои владеат со човекот и светот. Тие се: ветер, оган и вода. Се масираат таканаречените канали на животната енергија, со помош на нежни и спирални движења. Третманот трае 90 минути, но може да биде и пократок бидејќи се масира само главата, ушите и стапалата. За да делува, неопходен е циклус од седум масажи.



 
Unique-avgust
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери

Error: Any articles to show

11-02-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

News image

Seann William Scott

News image

Charlie Sheen

News image

Jason Priestley/Luke Perry

News image

Russell Crowe

Успеав да го добијам работното место со... (потсетување: анонимно!)