
Ако сте склони кон грицкање нокти, тоа може да значи повеќе од досада или нервоза. Колку и да изгледа како навика од која нема одвика, грицкањето нокти укажува на стрес.
Убавите и негувани нокти не се украс за раката. Тие се одраз на работата на организмот. Неубавата боја, дебелината и неправилностите можат да бидат предупредување дека имаме потреба од одредени витамини или пак дека нешто посериозно се случува со нашиот организам.
Какви предупредувања ни даваат ноктите?
Стрес
Ако сте склони кон грицкање нокти, тоа може да значи повеќе од досада или нервоза. Колку и да изгледа како навика од која нема одвика, грицкањето нокти укажува на стрес. Со текот на времето, тој стрес може сериозно да влијае на целокупната здравствената состојба. Покрај тоа, грицкањето нокти може да предизвика сериозно инфекции на раните на ноктите. За почеток, одвикнете се од грицкање со помош на лак за нокти со горчлив вкус.
Инфекции
Најчест облик за инфекции на ноктите се габичните инфекции. Во тие случаи, ноктите добиваат жолтеникава нијанса и се задебелуваат. Овие инфекции не предизвикуваат посериозни проблеми со ноктите, но ако не се излечат на време можат да траат со месеци. Затоа консултирајте се со доктор и започнете веднаш со нивната нега.
Сериозни болести
Темните дамки на ноктите се последица од силното удирање поради што пукаат капиларите под ноктите. Но, ако дамката подолго време не се трга, тогаш тоа е предупредување за сериозна болест.
Нарушување на работата на внатрешните органи
Различните нијанси на ноктите се предупредување за посериозни нарушувања на некој орган. Белите точки можат да значат тешкотии во работата на црниот дроб, црвено белите дамки - проблеми со бубрезите, додека само црвените дамки предупредуваат за нарушувањето на работата на срцевиот мускул.
Недостаток на хранливи материи
Бледите и тенки нокти се предупредување за анемија. Тоа може да се забележи преку виткањето на ноктите нагоре. Во тие моменти, треба да започнете со внесување на повеќе железо во организмот преку зелениот зеленчук, најмногу преку спанаќот. Белите точки на ноктите, најчесто значат дека на организмот му фали витамин Б и цинк. Тие можат да се надоместат со месо, морска и зрнеста храна.
.gif)






















.gif)























