tatooedНовата тетоважа има потреба од нега!
Покрај отсуство на инфекциите, негата гарантира поубава и повпечатлива тетоважа.
izmorena_od_cistenjeНе заборавајте дека сте жена во трката да...
Не бидете роб на времето!
nokti11Најактуелните лакови за сезоната
Биди и ти дел од новиот пролетен тренд! Убави бои за весели денови!
botoks16 факти за фаталната мода: Ботокс
Една од 10 млади жени размислувала да стави ботокс.

Трикови за подмладување

 

biznismenka_postara_se_smeska

Вадењето прамени во боја, бојадисувањето на косата и останатите зафати кои сте ги правеле на косата во текот на годината можат да предизвикаат губење на сјајот на косата.

Секоја жена има страв од стареење. Затоа, желба на секоја жена е што подолго да можат да го задржат младоликиот изглед. Кога веќе годините ќе си го направат своето, редно време е, и вие да го направите своите и да се подмладите за 5 години.

Користете коректор

Коректорот, што го ставате на темните круговите околу очите, ставете го и на други области. Нанесете од него на внатрешниот и надворешниот агол на окото, на надворешноста на носот и крајот на усните. Резултатот е свежо лице.

Не ја сушете кожата на лицето

Сувата и испукана кожа делува старо. Таа со стареење лачи се помалку маснотии па затоа тешката шминка може да ве направи и постара од тоа што сте. Затоа, почнете да користите полесни креми.

Дигнете ја веѓата

Факт е дека шминката прави чуда. Нанесете на очите светла сенка. Гледајте убаво да ја нанесете се до веѓата. Ќе си дадете помлад изглед, а брчките под очите нема ни да се забележуваат.

Внимавајте со бојата

Екстремните промени на бојата на косата изгледа симпатично и прекрасно на ексцентричните странски пејачки. Но, најдобро за вас е да се држите само до една боја за коса. Доколку имате светла боја на коса, прамените во медова боја ќе ви овозможат свеж и помлад изглед.

Дајте и сјај на косата

Вадењето прамени во боја, бојадисувањето на косата и останатите зафати кои сте ги правеле на косата во текот на годината можат да предизвикаат губење на сјајот на косата. За да го повратите тој сјај, редовно користете регенератор и маски кои можете да ги подготвите во домашни услови.

Кренете го задникот

Кожата на лицето и вратот не е единственото нешто што се отпушта со текот на годините. Во оваа категорија се најде и задникот. Секако не постои посебен трик за да го подигнете, но можете да одберете панталони со еластин кои ќе дадат ефект на подигнат задник.

Ставајте светли нијанси на усните

Жените во постарите години треба да заборават на јаките нијанси на кармини. Почнете да ставате посветли нијанси кои ќе ви ги подмладат усните, ќе ги направат полни и свежи.

Најдете совршен градник

Заборавете на тоа кој број носите, какви кошници има градникот... Најдете градник што ќе направи секое машко да останува без здив кога ќе ве погледне.




 
Банер
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Што и да направите денес не ги притискајте вашите емоции. Ако ги ставите во шише нема да помине долго пред да експлодираат, па подобро не ограничувајте ги за да нема престрашени гледачи.                                                  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Дали вашиот љубовен живот стагнира? Ако сте сингл, сега е дефинитивно време да превземете ризик. Ако сте во пар време е да почнете отворено да зборувате.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Денес може да сте малку збркани, па запишете се што треба да сторите и потоа тргнете на работа! Ако не можете сами да се организирате, тогаш побарајте помош од пријател.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Ова е ден полн во можности за вас, па искористете ја сета одлична енергија. Ако сакате да започнете нешто ново сега е вистинското време, светот бара акција!                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Ова не е време да размислувате за се рационално, но сепак треба да ја послушате причината. Само верувајте му на инсинктот и направете проверка ако добар пријател ве советува така.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес поминете што повеќе време со луѓето околу вас, потребни сте им, но и тие ви се потребни вам. Може да се работи за кратка финасиска криза или за вештина која треба да ја надградите.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Останете колку што можете пофлексибилни денес, во спротивно ќе заостанете. Ако се навикнете на новиот распоред или новата понуда, сигурно ќе постигнете големи поени.                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Потребно ви е гориво, па излезете и наполнете ги резервите. Дефинитивно копнеете за нешто ново, кое може да дојде од речиси било каде, па излезете и пробајте нешто диво.                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Потребни сте им на пријателите! Може да е вистинска криза или емоционална дупка, но вашето присуство и став се потребни. Тешко ќе допрете, но сепак мора да сторите се што можете!                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Треба да лутате со мозокот денес, дури и да сте заклучени со децата дома или на бирото на работа. Може ќе ви помогне интернетот, само полетајте некаде побргу!                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Време е да продолжите понатаму! Без разлика дали закрепнувате од лош состанок или застрашувачка работа, треба да го оставите минатото зад себе и да се подготвите за нов предизвик.                                          

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашите соништа се внимателно компонирана драма од која можете да научите нешто, особено вечерва. Обрнете внимание на малите детали и видете што ќе излезе од нив.                                        

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?