
Antiaging третманите се мерки и процедури кои ги преземаме за да го забавиме процесот на стареење на кожата, односно за да старееме со стил.
Желбата на секој од нас е што подолго да го одржиме младешкиот изглед и свежина на нашата кожа. Како ние старееме, така неминовно се јавуваат и првите знаци на опуштеност и намалување на еластичноста на кожата. Кожата станува сува, дехидрирана, тенка, без сјај и свежина. Сите овие случувања се јавуваат како резултат на голем број фактори, кои можат да го забрзаат процесот на стареење.
Како е најдобро да го превенираме целиот тој процес, да го забавиме стареењето и одложиме...
Кои би биле најдобрите совети кои ќе ни помогнат да ја најдеме вистинската формула за подобар изглед...
Најдобро е првично да посетиме дерматолог кој ќе го одреди типот на нашата кожа и ќе не посоветува кој е најдобриот начин за нега на кожата.
Antiaging третманите се мерки и процедури кои ги преземаме за да го забавиме процесот на стареење на кожата, односно за да старееме со стил. Со популарната аntiaging медицина промовира употреба на природна биолошка козметика, која не содржи конзерванси и вештачки бои, е р базирана на природни екстракти.
Оваа недела, дерматолошка естетско - корективнатата ординација др. Анчевски, промовираа нов продукт за моделирање на лицето, наречен Скулптра.
Природна колагенска стимулација на кожата на лицето и рацете и ремоделирање на лицето со Скулптра
Светските искуства за основа на фацијалното подмладување се насочуваат кон корекција на обемот на лицето. Еден од последните методи за неоперативно моделирање на лицето е продуктот Скулптра, клинички докажан третман кој содржи микрочестички на поли-Л млечна киселина (ППЛА). Некаде е наречен течен „facelift" бидејќи самиот производ е во облик на течност сместена во флакон, која се инјектира во одредени делови на лицето со што се постигнува face lifting.
Скулптра стимулира создавање на сопствен нов колаген и на тој начин се постигнува зголемување на обемот на опуштените области, корекција на опуштеноста на кожата, кожни вдлабнатини, цикатрикси, фини линии и брчки како и корекција на обем (волумен) и предзнаците на загуба на масното поткожно ткиво (липоатрофија).
За да се постигнат оптимални резултати и корекции неопходни се 2-3 апликации на препаратот, на интервал помеѓу 5-6 седмици. Постигнувањето на ефектот со зголемување на обемот на контурата на лицето настанува постепено, најчесто во рамките на 6 недели и по секоја нова апликација на препаратот, резултатите се поевидентни. Скулптра ќе го надополни изгубениот обем во временскиот период од неколку последователни седмици. Клиничките студии покажуваат дека постигнатите резултати траат 2 години, по завршувањето на последниот третман, што е значително подолго од користењето на други препарати.
Дерматологот или пластичниот хирург обучен да работи со препаратот, знае најдобро кога и како се губи обемот на лицето и каде да се коригира неговата контура. На овој начин се зголемува можноста за постигнување најдобри резултати, кои зависат од возраста и степенот на изразеност на брчките.
.gif)






















.gif)























