
Организаторите од AVON сликани со пејачката Елена Ристеска.
Со новите сезони, се отвораат нови предизвици. Предизвик за секоја девојка оваа есен е да го добие новиот парфем Outspoken by Fergie.
За сите оние кои не се доволно упатени, на 14.10.2010, во клубот ресторан МКЦ се одржа промоција на новиот парфем Outspoken од прекрасната пејачка Fergie.
Овој парфем поседува смел мирис од замрзнати боровинки и женствена арома на тубероза. Овој скандалозно прекрасен мирис има извонредно смели ноти, мистериозна и жива срцевина и бестрашна женствена основа.

Елена ги почести сите присутни со нејзиниот извонреден настап.
Дел од атрибутите кои му се препишуваат на Outspoken by Fergie се бестрашен, различен, женствен... Останатите атрибути ќе оставиме сами да ги доживеете...
Ексклузивниот парфем оди во комплет со лосион и спреј за тело, кои ќе го зајакнат вашиот нов омилен мирис.
Outspoken by Fergie е парфем создаден благодарение на ексклузивното партнерство помеѓу AVON и Fergie - светски реномираната музичка икона, вокал на групата The Black Eyed Peas.
AVON како и секогаш знае да се претстави во прекрасно светло. Тие и пејачката се ексклузивни партнери за овој парфем.

Атмосферата меѓу присутните на промоцијата...
Присутните на промоцијата малку подобро се запознаа со Fergie и дознаа повеќе за соработката помеѓу пејачката и AVON и секако дознаа информации за парфемот преку краткиот филм.
Се надеваме дека овој парфем ќе биде дел и од вашата колекција!
.gif)






















.gif)























