
Дамките од црвено вино најдобро се отстрануваат со хидроген, додека дамките од црно вино се отстрануваат доколку на местото капнете малку бело вино.
Носите убав бел фустан, но случајно за време на вечерата ќе ви капне од сосот... Вие побеснувате затоа што тоа ви е омилениот фустан, кој сте го облекле за специјалната пригода. Толку многу се нервирате што сте на раб да заплачете.
Не се грижете. Има решение за дамките. Само треба да ги знаете финтите на домаќинките.
Што треба да сторите за да ги отстраните суровите дамки?
Овошје
Дамките од овошје најдобро се вадат со лимонов сок и потоа со перење во врела вода.
Крв
Многупати се залажуваме дека дамките од крв треба да ги потопиме во топла вода. но, тука најчесто се лажеме. Дамките потопете ги во раствор од сол и хидроген.
Вино
Доколку дамките се наоѓаат на бел материјал, тогаш веднаш мора дамката да ја посипете со сок од лимон и да ја изложите на сонце.
Мастило
Кога ќе направите дамка од мастило, се што треба да направите е да ја впиете дамката со лист хартија па потоа на неа да ставите слатко млеко. По 5 минути можете да го отстраните млекото, а за да ја извадите дамката целосно, треба флекавото парче да го исперете во раствор од врела вода и сол за готвење.
Свеќа
Сите го применуваме оној стар метод за вадење на дамките од свеќа. На дамката ставете весник и потоа поминете со затоплена пегла. Но, дали сте знаеле дека има и многу полесен начин од тоа?
Обичен памук натопете го во алкохол и поминете преку дамката.
Кафе
Дамките од кафе можат да бидат најтврдокорни. Се што треба да направите за да ги снема е да ги потопите во раствор од вода и глицерин и да ги оставите да киснат цела вечер. Наредниот ден облеката ќе биде како да не ни имала дамки од кафе.
.gif)






















.gif)























