
Сознанието дека пареата на природен начин ја исправа стутканата облека и ги опушта влакната, го искористија креативните дизајнерски умови, за да ја создадат најновата ултимативна машина на “Електролукс”
Новата машина на "Електролукс" ги пере, ги суши, ги исправа и ги освежува алиштата, како "домашно хемиско чистење".
Сознанието дека пареата на природен начин ја исправа стутканата облека и ги опушта влакната, го искористија креативните дизајнерски умови, за да ја создадат најновата ултимативна машина на "Електролукс" за перење на алишта, која за брзо време се здоби со епитетот "домашно хемиско чистење."
Компанијата, овој пат, ја одбрани светската репутација на најиновативен производител, создавајќи го апаратот што ги третира алиштата многу нежно, ги пере, ги суши, ги исправа доколку се стуткани и ги освежува.
На тој начин пеглањето на облеката станува многу полесно, а некогаш и сосема непотребно.

Пареата им дава нов живот на алиштата, ги освежува и редехидрира влакната на ткаенината, отстранувајќи го ризикот од оштетување на деликатните ткаенини кој постои кај стандардните програми за перење.
"Се поголемата популарност на облеката изработена од деликатни материјали, како и комбинација од нив, како на пример кашмир, волна и свила, бараат да се мисли и на правилна грижа за истите", вели Ханс Ел Дали, маркетинг-менаџер во Електролукс за Централна и Источна Европа.
"Апаратите за перење на пареа не само што се навистина погодни, туку претставуваат и природен и ефикасен начин за грижа за сите видови облека, дури и оние најделикатните. Едноставно, ги имате сите придобивки на специјализирано перење во вашиот дом, без некој од негативните ефекти што би можеле да се јават од интензивно перење или хемиско чистење."
Пареата им дава нов живот на алиштата, ги освежува и редехидрира влакната на ткаенината, отстранувајќи го ризикот од оштетување на деликатните ткаенини кој постои кај стандардните програми за перење.

Пареата ги апсорбира мирисите од облеката создавајќи ефект како да биле проветрени надвор, но многу побрзо и поефикасно.
Новата машина доби висока оценка за својата иновативност поради можноста да ги освежува и ревитализира алиштата кои претходно биле носени, а на кои не им е потребно повторно перење. Пареата ги апсорбира мирисите од облеката создавајќи ефект како да биле проветрени надвор, но многу побрзо и поефикасно.
Машината за перење на пареа на "Електролукс", обезбедува заштита за вашите скапоцени парчиња облека и нежна нега на деликатните ткаенини.
Како што може да примените одредени третмани за одржување на здравјето и убавината на вашата кожа, така можете да придонесете и во спречување на оштетувањето на вашата облека од интензивно перење или од хемиско чистење.
Освен заштеда на потрошувачката на енергија, новата машина на "Електролукс" ја штити животната средина.
.gif)






















.gif)























