ivana4 задолжителни производи за оваа есен
Што треба да сторите за да мирисате како Reese Witherspoon или Courtney Cox?
zenacrnfustanТренди фустанчиња
Изберете го вашиот фаворит за оваа сезона со помош на Unique.
so_sukna_na_plaza10 здолништа за на одмор
Неколку идеи какво здолниште да се обидете да најдете за оваа летна сезона.
blesok13 совети за блескава кожа
Вежбајте! Тоа помага во снабдувањето на кожата со кислород.

Имате виснати гради?


gi_pokriva_bradavicite

Домашен рецепт за да имате поубави гради е секако солната купка. Во текот на неделата, барем еднаш неделно практикувајте ја ваквата купка.

Кај многу жени, со текот на времето се јавуваат виснати гради. Тоа е само поради процесот на стареење, против кој вие не можете ништо, освен да ги намалите неговите последици.

На кој начин да го сторите тоа? Како да се борите против виснатите гради?

Домашен рецепт за да имате поубави гради е секако солната купка. Во текот на неделата, барем еднаш неделно практикувајте ја ваквата купка. 15 минутна купка, еднаш неделно ќе ја направат вашата кожа мека и свежа. Се што треба да направите е следново:

На еден литар вода, додадете околу 100 грама сол. Солта секако ја ставате во топла вода, а во ладна вода ставете лимонов сок или пак оцет. На градите најпрво ставете пешкир намокрен со вода и сол.

На секоја дојка, пешкирот треба да стои по помалку од една минута. Потоа продолжете со ладната купка. Со неа, притиснете ја секоја дојка околу 1 минута. Повторете го ова 10 пати и завршете со ладна купка.

Кога на градите ќе започнете да ги забележувате брчките, тогаш може да преминете на следната фаза од рецептот за поубави гради. Тоа е маската од компир. Се што ви е потребно е половина сварен компир истискан со виљушка. На тоа додадете мала лажичка мед и околу 50 грама масло збогатено со витамин Е. Нанесете го на кожата и оставете го да делува околу 20-тина минути.

Друг рецепт за поубави гради може да направите доколку во едно јајце додадете една лажичка масло збогатено со витамин Е и една лажичка јогурт. Со оваа смеса треба да се масирате на градите околу 20-тина минути. Масирањето треба да се движи од надвор кон внатрешноста на градата. По масажата, смесата измијте ја со топла вода.

Исто така добар рецепт за поубави гради е наизменичниот туш со топла и ладна вода. 10 пати кружни движења од секоја страна се доволни, но притоа внимавајте тушот да има среден млаз и наизменично да ја менувате водата од топла во ладна. Завршете со ладен туш. Со водната масажа, кожата ќе стане поеластична и градите нема да бидат толку многу виснати.

Редовната грижа за својата кожа и тело воопшто, ќе ве направат посигурни во себе и поатрактивни без разлика на годините.




 
Банер
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Што и да направите денес не ги притискајте вашите емоции. Ако ги ставите во шише нема да помине долго пред да експлодираат, па подобро не ограничувајте ги за да нема престрашени гледачи.                                                  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Дали вашиот љубовен живот стагнира? Ако сте сингл, сега е дефинитивно време да превземете ризик. Ако сте во пар време е да почнете отворено да зборувате.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Денес може да сте малку збркани, па запишете се што треба да сторите и потоа тргнете на работа! Ако не можете сами да се организирате, тогаш побарајте помош од пријател.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Ова е ден полн во можности за вас, па искористете ја сета одлична енергија. Ако сакате да започнете нешто ново сега е вистинското време, светот бара акција!                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Ова не е време да размислувате за се рационално, но сепак треба да ја послушате причината. Само верувајте му на инсинктот и направете проверка ако добар пријател ве советува така.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес поминете што повеќе време со луѓето околу вас, потребни сте им, но и тие ви се потребни вам. Може да се работи за кратка финасиска криза или за вештина која треба да ја надградите.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Останете колку што можете пофлексибилни денес, во спротивно ќе заостанете. Ако се навикнете на новиот распоред или новата понуда, сигурно ќе постигнете големи поени.                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Потребно ви е гориво, па излезете и наполнете ги резервите. Дефинитивно копнеете за нешто ново, кое може да дојде од речиси било каде, па излезете и пробајте нешто диво.                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Потребни сте им на пријателите! Може да е вистинска криза или емоционална дупка, но вашето присуство и став се потребни. Тешко ќе допрете, но сепак мора да сторите се што можете!                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Треба да лутате со мозокот денес, дури и да сте заклучени со децата дома или на бирото на работа. Може ќе ви помогне интернетот, само полетајте некаде побргу!                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Време е да продолжите понатаму! Без разлика дали закрепнувате од лош состанок или застрашувачка работа, треба да го оставите минатото зад себе и да се подготвите за нов предизвик.                                          

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашите соништа се внимателно компонирана драма од која можете да научите нешто, особено вечерва. Обрнете внимание на малите детали и видете што ќе излезе од нив.                                        

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?