
Моливот за усни не треба да се нанесува само на краевите од усната, туку да се обои целата површина.
Зошто постојано да се мачите да ставате кармин? Зошто да не можете да ставите кармин наутро и да трае се додека не се приберете дома дури вечерта?
Како да го успеете во тоа?
Мат кармините се посуви, но траат подолго за разлика од сјајните кармини кои многу брзо можат да се избришат. Влагата од нив брзо испарува, а на усните останува само бојата и силиконот.
Моливот за усни дава малку постар изглед, но и покрај тоа што тоа е актуелно оваа сезона, вие одбирајте молив за усни кој е посветол од бојата на карминот.
Една од најголемите модни утки е карминот да се избрише, а вас да ви остане само моливот за усни. Затоа посветлата боја од карминот или пак боја како онаа на вашите усни е соодветна за молив за усни кој треба да се нанесе пред нанесување на карминот.
Моливот за усни не треба да се нанесува само на краевите од усната, туку да се обои целата површина. Откако ќе ја обоите устата со молив за усни, нанесете го карминот. Моливот обезбедува карминот да не се избрише или пак да премине преку линијата на усните.
Доколку не сакате да користите молив за усни, може да се обидете со пудра. Пред да нанесете кармин, погрижете се устата да не биде мокра. Нанесете пудра, а врз неа кармин. Ваквиот изглед може да изгледа малку суво, но вреди да се обидете. Може таквиот изглед ќе ви се допаѓа.
Без разлика дали ќе се одлучите да користите пудра или молив за усни, по нанесувањето на кармин, околу усните нанесете малку пудра за да не се разлева карминот.
По целата процедура треба да нанесете сјај за усни. Но, внимавајте! Колку повеќе нанесувате сјај, толку повеќе ги зголемувате шансите за да се разлее сјајот заедно со карминот па да мора да ставате кармин по неколку пати.
.gif)






















.gif)























