
По извесно време, на нашата кожа ги забележуваме првите знаци на стареењето кои се појавуваат како последица од недостаток на колаген.
Треба да бидете свесни дека не постојат такви козметички третмани и продукти кои ќе можат да го намалат стареењето и појавата на брчките.
Се што треба да знаете е дека се што ви се случува со надворешниот изглед потекнува од тоа како се чувствувате однатре. Затоа, посегнете по лековитите хранливи продукти кои ќе ја спречат појавата на брчките.
Кои се тие?
Боровинки и јагоди
Колагенот е протеин кој игра важна улога во зачувување на природниот младолик изглед.
Витаминот Ц помага за да го задржиме колагенот во нашиот организам па затоа козметичарите и нутриционистите препорачуваат да се јадат боровинки и јаготки.
Спанаќ
Не плашете се да воведете промена во исхраната доколку навистина сакате да изгледате се уште младо.
Спанаќот е зеленчук кој ги неутрализира слободните радикали. Тоа го прават со помош на антиоксидансите, потребни за задржување на колагенот во нашиот организмот, а притоа и за младолик изглед.
Лосос
По извесно време, на нашата кожа ги забележуваме првите знаци на стареењето кои се појавуваат како последица од недостаток на колаген.
Рибите, особено сардините и лососот, се богати со омега 3 масна киселина кои успешно учествуваат во борбата против стареењето на кожата. Нивната честа консумација придонесува за значително намалување на појавата на брчките.
Соја
Постојат многу намирници кои се богати со колаген, состојка потребна за спречување на појавата на брчките.
Внесете ја и сојата во својата исхрана и за многу брзо време ќе забележите позитивни резултати на кожата.
.gif)






















.gif)























