
Светло сината боја е знак дека сте самоуверени и професионални на секое поле па затоа е одлична за на работното место.
Зимата може да делува депресивно кај некои личности, па во тие случаи, користете ги боите кои делуваат веднаш при промената на расположението.
Се што треба да знаете за нив е како да ги комбинирате и која боја каков впечаток остава кај другите личности.
Откријте која боја ви одговара и заблескајте во неа.
Бела
Белата боја одлично им прилега на овие девојки со бел тен и светли очи.
Жолта
Жолтата боја може да ја носите доколку сакате да бидете центар на внимание. Оваа боја нема да го разведри само вашето расположение, туку и на сите покрај вас.
Избегнувајте да ја носите на деловни состаноци доколку не сакате да оставите впечаток дека сте несериозна личност.
Црвена
Црвената боја е боја на страста. Можете слободно да ја носите кога сте уморни, затоа што токму оваа боја го подигнува расположението.
Избегнувајте да се облекувате во црвено кога имате деловен состанок, затоа што погрешниот впечаток е неизбежен, а мажите нема да можат да ви одолеат.
Розова и виолетова
Овие бои можат да се носат во било која пригода, но доколку имате деловни состаноци одберете ги понежните нијанси затоа што оставаат силен впечаток, а за вечерните излегувања можете слободно да ги комбинирате и со јаки бои.
Сина
Светло сината боја е знак дека сте самоуверени и професионални на секое поле па затоа е одлична за на работното место.
Темно сината боја е знак дека сте авторитетни, па затоа секогаш комбинирајте ја со одело.
Црна
Црната боја можат да ја носат сите без разлика на тоа каков е нивниот тен.
Доколку сте девојка со бел тен, темни очи и коса треба да носите светли и ладни бои како тиркизна, сина, виолетова или зелена.
Доколку сте девојка со бел тен и светли очи тогаш носете бои како виолетова.
Доколку сте девојка со црвена или руса коса и темни очи, носете топли бои како кафената, црвената, зелената...
.gif)






















.gif)























