
Потпрете се на ѕидот со двете дланки и малку подвиткајте ги лактите. Пополека одбивајте се од ѕидот и тоа со напор кој може да го издржите.
Секоја жена сака да има убави и цврсти гради. Сигурно не знаете дека градите се составени од масно ткиво и дека доколку сакате да ви изгледаат цврсто треба да ги зајакнете мускулите што се наоѓаат под самите гради.
Затоа, постојат неколку едноставни вежби кои може да ги правите било каде и да ги зацврстите градите.
Вежбите се доста едноставни и не треба да ги правите долго време. Вкупно ви се потребни петнаесетина минути.
Прсти
Оваа вежба се прави така што ќе ги испреплетете прстите од левата и десната рака пред градите. Лактите подигнете ги на исто рамниште со градите.
Влечете ги рацете, секоја на своја страна и останете во таа позиција неколку секунди и потоа опуштете ги мускулите.
Оваа вежба повторете ја 10-тина пати.
Ѕид
Потпрете се на ѕидот со двете дланки и малку подвиткајте ги лактите. Пополека одбивајте се од ѕидот и тоа со напор кој може да го издржите.
Потоа, опуштете ги малку мускулите и продолжете со вежбата.
Оваа вежба повторете ја 10-тина пати.
Дланки
Оваа вежба се прави на тој начин што ќе ги буткате дланките една од друга.
Спојте ги дланките во висина на градите, подигнете ги лактите и силно притиснете ги дланките една од друга. Останете во оваа положба неколку секунди и потоа опуштете ги мускулите.
Оваа вежба повторете ја 10-тина пати.
.gif)






















.gif)























