
Згодна девојка полна со самодоверба облечена во минималистички уникатен костум за капење е моден тренд кој не изумира.
Згодна девојка полна со самодоверба облечена во минималистички уникатен костум за капење е моден тренд кој не изумира. Но сепак има новитети кои можат да ве направат тренди дама на плажата ова лето.
Токму поради тоа што летните одмори полека наближуваат, па така и летната еуфорија, направивме една селекција на најдобрите костуми за капење од модните писти за сезоната пролет/лето 2011. Кој е вашиот избор?
Пливачки од 70-тите
Од бели топови до зелени нијанси, модата од 70-тите е во полн ек оваа сезона. Трендот за костуми за капење оваа сезона варира од пливачки модели со контрастен колан и ленти за околу врат на Lanvin, до светли нијанси на резеда боја на DVF и Salvatore Ferragamo.

Lanvin, DVF, Salvatore Ferragamo.
Храбри отсечоци
Секси отсечоците, покрај за свечените котел фустани, оваа година се применуваат и кај костумите за капење. Roksanda Ilincic изобилува со драматичен стил со црни минималистички парчиња. Emanuel Ungaro има барби мотиви надополнети со сексапил преку отсечоците од цветниот материјал. Emanuel Ungaro се осмели да го воведе трендот на графички принт оваа сезона.

Roksanda Ilincic, Emanuel Ungaro.
Слатко девојче
Ова е дефинитивно сезоната на стилот на слатките девојчиња! Цветниот дезен и скромниот ретро стил ги преплавија модните писти годинава. Marc Jacobs покажа смирени беж нијанси со бели принтови од 50-тите. Додека пак DKNY возбудува со тенки прерамки на костумите за капење. Suno пак се задржа на едно жолто бело парче со вистинско чувство на носталгија.

Marc Jacobs, DKNY, Suno.
Секси јазли
Овој тренд ќе го освои секој машки поглед! Emilio Pucci ја создаде оваа уникатна текстура која е ултра секси и ги прави уникатни неговите црни едноделни костуми. Забележителни се и провокативните костуми за капење со разиграни принтови. Elie Tahari пак се ориентираше на скромноста на едноделните костуми без прерамки, но со богата инспиративна текстура.

Emilio Pucci, Elie Tahari.
.gif)






















.gif)























