Секоја жена мечтае за подолги и погусти трепки кои ќе додадат драма на нејзиниот изглед. Пар вештачки трепки може да ги истакне вашите очи и со малку руменило и нежен кармин имате комплетен дневен изглед. Ќе се поштедите од часови шминкање на вашите очи и ќе го скратите времето на спремање.
Вештачките трепки се произведуваат во неколку должини, и најважно е да се избере онаа која одговара на должината на вашите природни трепки. Тие не треба да изгледаат премногу нападно туку да се вклопат во вашиот целосен изглед.
Вашите трепки се регенерираат, ако изгубите неколку при одлепувањето на вештачките, сепак ако сте во можност подобро е да посетите козметички салон каде што ќе ви ги стави професионалец повнимателно. Друга добра страна е што тука може да добиете вештачки трепки во снопчиња со траење и до еден месец.
Carmen ElectraCarmen Electra додаде малку драма на нејзиниот изглед со вештачки трепки. Добар дискретен пар вештачки трепки се секогаш добредојдени како додаток на црвениот тепих.
-
Полскиот модел Magdalena Frackowiak ја долови младешката безгрижност на колекцијата.
...
-
Некои дури ја нарекуваат и вистинската Blair Waldorf, а веќе е голема модна икона на Холивуд....
-
Геометриски принтови, патенти, фустанчиња со А-крој, шорцеви и што уште не!
...