
Одберете ја најхрабрата розова нијанса и доминирајте.
Блеснете со розов кармин на усните, сочни и забележителни, ретко кој ќе може да ви одолее. Дополнително охрабрени од трендот на јаки бои ова лето, можете уште денес да се подготвите за експериментот.
Одберете ја најхрабрата розова нијанса и доминирајте. Одлична вест е дека покрај неговата доминантност вашите заби ќе изгледаат побели од обично.
Совет за нанесување: Прескокнете го моливчето за уста и ставете светол розов кармин со прецизна четкичка за усни или со вашиот прст. Не сакате да изгледате премногу нападно.
Вашите усни ќе изгледаат младешки, а ако сакате визуелно да ги зголемите, ставете малку сјај за усни во средината на долната усна.
Ставете уште еден слој на кармин за тој да трае подолго.
Ако сте облечени во розово од главата до петиците, во тој случај розовиот кармин би бил премногу. Оставете го за пригода кога ќе прилега на вашата гардероба, како на пример со кусо црно фустанче.
За вашите очи најдобро е да користите само маскара или пак неутрални тонови на сенки
Во продолжениe следуваат предводничките на овој тренд, на чие чело се Rose McGowan и Katy Perry.
.gif)






















.gif)























