
Неутралните бои се во ред, но ова лето е време за весели бои.
И вие сте следбеник на најновите модни трендови на лакови во силни бои, па на стариот нежен француски маникир, но како да ви здодеаја, затоа време е да пробате нешто ново. Експериментирајте со овие 6 идеи кои следат, а и знаете како велт ноктите го откриваат вашиот карактер.
Идеја 1: СЕКСИ МИКС
Овој софистициран маникир е полесен од што изгледа. Најпрво, нанесете на вашите нокти лак во зелена боја, а потоа на еден по еден нокот ставајте му втор слој од лакот. Додека уште е влажен, користете тенка четкичка за детали за да нацртате дијагонални линии со жолт и бел лак, а потоа со чиста четка, направете три хоризонтални „S“ од основата на секој нокот до врвот.
Идеја 2: МЕТАЛИК СЈАЈ
За да го доловите сјајот на рок ѕвезда на краевите, започнете со боење на половина нокот со силна портокалова боја и другата со жешка розова.
Одгоре ставете сјаен сребрен лак во форми по ваш избор, со делови од страните каде ќе ѕиркаат другите две бои и ќе внесат контраст.
Идеја 3: ПЛУС ЕДЕН
Црното е секогаш забележително само по себе, но можете да се одвоите од основите и да блеснете со боење на само еден нокот со лак во било која друга боја.
Ова е најактуелниот тренд меѓу холивудските ѕвезди.
Идеја 4: ТРИАГОЛНИЦИ
За овој смел изглед прво обојте ги ноктите со бел лак. Потоа земете зелен и црн лак и со четката за детали нацртајте по еден триаголник на надворешните страни.
Идеја 5: ТОЧКИТЕ СЕ ИН
Забавувајте се со електрично сина боја и светли точки. Откако ќе ви се исуши синиот лак, на крајот од секој нокот направете жолто триаголниче. На крајот нацртајте бели точки на сината основа.
Идеја 6: ЗАБАВНИОТ ФРАНЦУСКИ
Неутралните бои се во ред, но ова лето е време за весели бои. Ставете портокалов лак на вашите нокти, а потоа со бела и светло виолетова боја правете интересни полумесечини.
Погледнете како би изгледале вашите нокти и уживајте во изработката.
.gif)






















.gif)























