
Пофалете ги другите луѓе од се срце, а тоа не само што ќе го разубави нивниот ден, туку ќе го разубави и вашиот.
Дали и вам ви поруменуваат обравчињата кога ќе добиете комплимент? Или пак со неверување ги слушате тие ласкави зборови?
Време е да почнете позитивно да ги прифаќате, но и да започнете да ги делите. Пофалете ги другите луѓе од се срце, а тоа не само што ќе го разубави нивниот ден, туку ќе го разубави и вашиот. Убавиот збор секогаш носи кон убаво поминато време и вистински пријателства.
Вие не уживате во комплиментите затоа што:
Не верувате дека навистина сте ја заслужиле пофалбата.
Секогаш мислите дека зад убавиот збор има задна намера и некој тоа го прави од интерес.
Се плашите од пофалбата бидејќи ја доживувате како притисок секогаш да бидете еднакво успешни или убави.
Ви пречи кога сте во центарот на вниманието и целиот фокус е насочен кон вас.
Забрането е:
Автоматски да возвраќате на комплиментите се со цел да го тргнете вниманието од себе.
Премногу да го намалувате значењето на своите заслуги.
Штом ве пофалат веднаш проговорувате за вашите грешки и пропусти.
Не игнорирајте ги комплиментите. Прифатете ги и учтиво заблагодарете се, и дури после подолго време возвратете. Уживајте во тоа како луѓето ве доживуваат и тие ќе уживаат утре повторно да ви дадат комплимент.
.gif)






















.gif)























