
Оние кои се тушираат со многу жешка вода, двојно ризикуваат да ја исушат кожата
Состојбата на кожата зависи од многу фактори, како на пример загаденоста на воздухот, небалансираната и нездрава исхрана, неквалитетната козметика, стресовите и нередовниот сон.
Сето тоа доведува до предвремено стареење на кожата, што подразбира појава на пигментација, брчки и губење на еластичноста.
Стресот е одговорен за појавата на акни
Експертите од Велика Британија се едногласни дека стресот е виновен за појавата на акни кај поголемиот дел од жените и мажите.
Стресот доведува до дисбаланс на хормоните во човековиот организам, или поконкретно доведува до лачење на хормоните адреналин и кортизол кои влијаат на зголемена работа на лојните жлезди.
Зголеменото количество на излачени масти ги запишуваат порите на кожата поради што доаѓа до појава на воспаленија и акни.
Освен тоа кај повеќето луѓе, за време на стресот се зголемува апетитот. Зголементата количина на внесена храна во организмот подразбира отежнување на размената на материи во организмот, поради што масните материи многу полесно можат да се најдат во близина нa порите на кожата.
Недоволниот сон се одразува на кожата
Особено е штетен стресот во комбинација со недоволен сон. Ненаспаноста го ослабнува имунитетот и на тој начин организмот ја губи способноста навреме и адекватно да реагира на воспалителните процеси на кожата поради што акните многу побргу се шират.
Експертите препорачуваат борбата за здрава и чиста кожа започнува со ликвидирање на причините за стрес во секојдневието и сон од минимум 8 часа.
Секојдневното туширање е штетно
Повеќето луѓе во современиот свет не можат да си го замислат денот без утринското или туширањето пред сон и меѓу нив кружат многу митови за хидратацијата на кожата. Според последните истражувања, секојдневната употреба на гелови за туширање и слични козметички средства, како и водата со некои од нечистите материи можат да ја оштетат заштитната обвивка на кожата.
Оние кои се тушираат со многу жешка вода, двојно ризикуваат да ја исушат кожата со што ја прават погодна за ширење на инфекции.
Храна за кожата
За совршена кожа и идеален тен многу е битно да кожата редовно да се потхранува. Храната која ја внесувате во организмот треба да биде богата со витамини и минерали, додека пак како надворешна храна за кожата треба да изберете квалитетна хидратантни креми, маски за лице и тоници соодветни за вашиот тип на кожа.
.gif)






















.gif)























