
Време е да преземете нешто за да од вашиот изглед се избришат неколку години.
Сигурно и вам ви се има случено да пронајдете ваша фотографија од пред неколку години и да поминете неколку минути над истата, восхитувајќи се прекрасниот младешки изглед.
Здравиот сјај на кожата и густата блескава коса беа ваш заштитен знак, но годините како да си поигруваа со таа убавина. Ви се појавуваат нови брчки и, од ден на ден, изгледа како се повеќе да се продлабочуваат. Смачено ви е од сивата нијанса на кожата. Секојдневно имате проблем со непослушната коса.
Време е да преземете нешто за да, од вашиот изглед, се избришат неколку години. Со помош на следниве совети тоа е возможно:
Нахранете ја кожата
Негата на кожата ќе биде комплетна доколку внесувате правилна и балансирана храна, но истовремено ја потхранувате кожата и надворешно. Правилната храна за кожата на лицето подразбира креми и средства богати со витамин А, Е и Ц.
Исто така, за младешки изглед пресудни се антиоксидансите кои ги неутрализираат слободните радикали, причинители број еден на вашите брчки. Но, дерматолозите сметаат дека антиоксидансите кои се внесуваат само со исхраната не се доволни за правилна регенерација на кожата. Затоа тие препорачуваат да користите креми со екстракти од зелен чај и коензими.
Совети плус:
Јадете грозје и спанак, бидејќи се богати со антиоксиданси кои, освен за кожата се идеални и за зајакнување на имунитетот.
Во кремата која ја користите секојдневно додадете течен витамин А, кој ќе го купите од аптека. Кутијата чувајте ја во фрижидер.
Хидратантната крема најдобро е да ја нанесувате 15 минути по миењето на лицето.
Оживејте ја косата
Доколку сте измачени секојдневното средување на косата, а ефектот не е баш очигледен, тогаш ќе мора да се погрижите за нејзината интензивна нега.
За почеток изберете шампони и регенератори кои содржат витамини од групата Б, лецитин и растителни екстракти и осврнете се кон традиционалната нега на косата.
Совети плус:
За кршлива и коса која тешко се расчешлува ќе ви помогне следниот рецепт: Сварете чај од коприва или жалфија и оставете го да стои околу еден час. Потоа, измиената коса исплакнете ја со него, по што не треба да ја плакнете со вода.
Ограничете го количеството на кофеин кое секојдневно го внесувате во организмот бидејќи тоа го забавува растот на косата.
За поттикнување на растот на косата, промешајте рузмарин и вода во сооднос 1:1 и таквата смеса да ја додадете во шампонот.
.gif)






















.gif)























