
Додека другите делови на лицето се природни, истакнете ги усните со темен кармин.
Директно од зад модните писти ги дознавме трендовите за шминка за оваа сезона. И доколку првата асоцијација е дека во студениот период се претпочита минималистичката шминка или темни тонови, тогаш се лажете! Оваа сезона јаките бои на кармини се задолжителни!
Дознајте ги другите трендови и советите како да ги примените!
Совршено „топла“ основа
Бидејќи совршениот тен не излегува од мода затоа инвестицијата за квалитетна козметика за негата на кожата на лицето е повеќе од исплатлива. При изборот на нијансата на пудра изберете ја онаа со нијанси на праска за да добиете „топол“ ефект на лицето. Но, ова не важи за руменилото. Оваа сезона од модните центри препорачуваат руменило ледено како мраз. Руменилата со јака боја и поголема слобода при нивното нанесување се задолжителени.
NotForMen препорака: Темен кармин за гламурозна есен
Фатален поглед
Вечерната шминка налага да ги истакнете очите со сенка во боја на сив метал, а црното моливче заменете го со туш во темно кафеава боја. Вечерната шминка значи сенка на целиот очен капак, а кога станува збор за трепките не претерувајте со нанесувањето на маскарата. Дневната шминка на очите подразбира сосема малку сенка во неутрална боја и прецизно нанесени два слоја маскара.
Усни како вишна
Раскошот на есенското време доловете го со усни во златни нијанси за преку ден и темни нијанси за вечерната шминка. Додека другите делови на лицето се природни усните истакнете ги со богато колоритен кармин во темно црвена, бордо, портокалова, па дури и виолетова боја. Искористете сјај со густа формула за вашата есенска шминка.
Погледнете ги идеите за совршена дневна шминка на вашето лице, оваа есен!
.gif)





























.gif)























