
За максимален ефект од регенераторот и маската за коса, најпрвин затоплете ги околу 15 секунди во микробранова.
Повторно се појави чувството на непријатност на вашата кожа, а косата и покрај фенирањето на фризер ви е разлетана на сите страни.
Секојдневното нанесување на пудра на лицето, како и надворешните влијанија може да бидат причина за појавата на мртви клетки во порите како последица на што се појавува нерамноморниот тен и уморен изглед на кожата, а не ретко и црвенило.
И натаму се соочувате со безживотниот изглед на косата. Оживејте ја нејзината структура со правилна употреба на средствата за нега и соодветното чешлање.
Еве ги триковите за природна убавина на вашата кожа и коса!
Спречете го црвенилото на лице
Направете фина паста од овесни снегули потопни во топла вода или пастеризирано млеко со ниска масленост. Ваквата смеса нанесете ја на лицето и оставете ја да делува околу 15-тина минути.
Инстант освежување за вашиот тен
За рамномерен и блескав тен на вашето лице направте маска од белка од едно јајце и една голема лажичка брашно. Маската оставете ја да делува околу 10-тина минути.
NotForMen препорака: Тајната на мaскта за коса
Топла маска за мека коса
Неправилната употреба на регенераторот за коса може да биде со слаб ефект, а вашата коса и натаму да страда. За максимален ефект од регенераторот и маската за коса, најпрвин затоплете ги околу 15 секунди во микробранова. На тој начин тие делуваат побрзо и подлабински.
Правилно чешлање за побрз раст на косата
Внимавајте при изборот на четките кои ги користите за чешлање на косата. Притоа, за правилен раст и одржување на здравиот скалп на косата многу важно е премногу да не ја тегнете.
Чешлањето започнете го од врвовите и полека искачувајте се нагоре кон корените.
Освен триковите за освежување на кожата на лицето и косата, дознајте како да станете „сопственичка“ на раскошни, густи и долги трепки!
.gif)





























.gif)























