
Доколку формата на вашето лице потсетува на овал, слично како на Jessica Alba, тогаш имате целосна слобода да експериментирате со шминката.
Изборот на шминка и нејзиното правилно нанесување имаат магична моќ да ги истакнат убавите црти на вашето лице, а недостатоците да ги направат помалку видливи. До посакуваниот хармоничен израз на вашето лице ве делат само неколку чекори.
Посакувате со неколку потези да го претворите вашето лице во совршено?
Еве ги советите за шминка без грешка од светски познатиот make-up артист Nick Barose!
Најправин одредете ја формата на лицето!
Токму формата на лицето го диктира изборот на шминка и начинот на нејзино нанесување. За да не бидете жртва на непосакувани ефекти од шминкањето, одредете ја формата на вашето лице, па потоа пристапете кон применување на советите за идеална шминка.
NOtForMen препорака: Совети за дневна шминка
Соберете ја косата од челото и следете ја линијата на раст на косата и линијата каде завршува брадата. Одразот на вашето лице во огледало споредете го со некоја геометриска фигура. Можеби наликува на круг, овал, квадрат/правоаголник или триаголник/срце?
По примерот на славните и нивниот облик на лице, изберете соодветната шминка и дознајте како правилно да ја нанесете!
Главно правило при шминкањето е да не претерувате со количеството на шминка. Нежната шминка ќе ви овозможи природна убавина.Вишокот на шминка на лицето, освен што не изгледа привлечно, додава и неколку години плус на вашиот изглед.
Грешка при шминкањето може да биде и несоодветната нијанса на пудра. Експертите за убавина се едногласни дека премногу светлата нијанса и дава нездрав изглед на кожата, додека премногу темната ве прави постари.
Умереноста е основниот принцип според кој треба да се водите во постапката за разубавување на вашето лице без разлика каква форма има. Уживајте и бидете убави во секоја прилика!
.gif)






























.gif)























