
Фрижидерот може да понуди одлични производи за вашата нега, а освен заштеда на пари, ќе можете да се пофалите и со природна убавина.
Постојано талкате по женските тајните за совршен изглед. На работа, на кафе со пријателките, на вечера со партнерот, на диско подиумот, секокогаш се стремите да блескате со сиот свој сјај, но морате да си признаете дека тоа воопшто не е лесна мисија.
Секоја посета на парфимеријата, и покрај намерата за еден лосион и црно моливче за очи, завршува со полна кошница средства во кои се вљубивте на прв поглед. Вашата козметичка чанта и тоалетната масичка на која нема ниту милиметар празно место, чинат цело богатство?
Време е да дознате како да заштедите на средствата за нега и истовремено да останете убави и привлечни, како и досега!
Експериментирајте!
Не плашете се да експериментирате со козметичките средствата кои веќе ги имате. На пример, карминот за усни искористете го и како руменило. Оваа идеја ќе ја поедностави постапката за шминкање, а освен тоа нијансите на руменилото и карминот совршено ќе се вклопуваат.
Доколку немате туш за очи, искористете ја маскарата. Со тенка четка од стар искористен туш, со маскарата можете да повлечете совршена линија на горниот очен капак.
NotForMen препорака: Домашни рецепти за побрзо растење на косата
Кујната како козметички склад!
Фрижидерот може да понуди одлични производи за вашата нега, а освен заштеда на пари, ќе можете да се пофалите и со природна убавина.
На пример, од изрендано авокадо, жолчка од јајце и неколку капки маслиново масло ќе добиете одлична маска за коса.
Освен тоа, маслиновото масло е идеално и за отстранување на шминката, за омекнување и смирување на иритации на кожата, како и за масажа.
Доколку сакате да заштедите на скраб за тело, во домашни услови можете да промешате маслиново масло и крупна морска сол и да ја оставите смесата да отстои неколку часа.
Бадемовото масло е идеално за закрепнување на ноктите и кутикулите, како и за нега на кожата на рацете.
За отстранување на темните кругови околу очите, можете да користите пакетчиња чај од камилица потопени во млака вода или парчиња свежа краставица или изрендан компир.
Купувајте 2 во 1!
Универзалните средства за убавина се почесто се среќаваат на пазарот. Одлучете се за кремите за повеќе намени, како на пример оние за истовремена нега на кожата на телото и рацете, потоа вазелин кој може да го користите за нега на повеќе делови со груба кожа на телото (лакти, коленици, стапала, усни).
Шампоните и регенаторите 2 во 1, исто така се практична идеја за вашата нега.
Еве неколку трикови плус кои, исто така, нема да го засегнат вашиот паричник:
.gif)





























.gif)























