
Убавиот изглед на градите најмногу се должи на правилната положба на вашето тело во текот на денот како положбата на спиење.
Женското деколте секогаш е во корелација со желбата за еден или неколку размери повеќе или помалку. Посакувате побујно деколте и поцврста кожа на градите, но може да се случи преголемиот размер на градите да биде несоодветен за вашиот нов фустан!
Заклучокот е дека размерот нема значење, туку многу поважни се убавиот облик и негуваната кожа и најважно здравјето на вашите гради.
Сонот за привлечно деколте не е остварлив само со помош на пластичен хирург.
Еве кои трикови ќе ви помогнат да станете сопственичка на неодоливо деколте!
Правилна положба на телото
Убавиот изглед на градите најмногу се должи на правилната положба на вашето тело во текот на денот како и положбата на спиење.
Трудете се да го држите телото во положба со исправени раменици и избегнувајте да спиете на стомак што води кон непривлечна форма на градите и појва на брчки во областа на деколтето.
Секоја вечер практикувајте вежби за зацврстување на градниот кош.
Удобен градник
Изборот на следниот градник нека не се сведува само на секси чипките и тренд нијансите, туку погрижете се и за формата да соодветстува на анатомските потреби на вашето тело.
Избирајте градници со соодветни димензии, од пријатни материјали и со дебели прерамки.
NotForMen препорака: Како до поголеми гради?
Аква – масажа
Зацврстувачкиот ефект за кожата на градите ќе го постигнете со наизменично туширање со ладна и топла вода. Наизменично насочувајте ги млазевите на топла и ладна вода на градите!
Исто така, поминувакјте ги градите со коцки мраз или коцки замрзнат чај од камилица, но не подолго од пет минути.
Пилинг и маска
Пред да посегнете по скапите креми за нега на градите, погледнете во фрижидерот.
Урдата или павлаката помешана со две лажички маслиново масло може да ви послужи како маска за деколтето. Оставете ја да дејствува околу 20-тина минути, а потоа исплакнете ја со ладен чај од камилица.
Претходно, направете пилинг од кафен шеќер и путер или сол и бадемово масло.
Дознајте уште неколку совети кои ќе бидат полезни за нега на вашето деколте!
.gif)





























.gif)























