
Сакате посмела комбинација, но не и претерана, сакате да бидете тренди со многу аксесоари, но не и кич!
Годините си минуваат, но адреналинот кој ви го носи диското никако. При секое излегување повторно стоите пред гардероберот по еден час, исто како што правевте и пред 5 години.
Сакате посмела комбинација, но не и претерана, сакате да бидете тренди со многу аксесоари, но не и кич, сакате модни трендови, но не и униформност.
Епа еве како да го постигнете тоа со 6 предлози за силен блесок. И не само за во дискотека, овие предлози ќе ве подготват и за роденден, нечија свадба или дури и за Нова година.
NotForMen препорака: 15 фустани за свечени пригоди
СЛИКА 1: Оваа сезона не смеете да поминете без црвено фустанче, стандардните црни чизми и плик чанта. Сето тоа закитете го со интересна алка.
СЛИКА 2: Не ставајте знак „стоп“ оваа зима за розовата боја во вашиот гардеробер. Фустанот во таква боја облечете го во комбинација со крем салонки и некој таков ѓердан.
СЛИКА 3: Кога е време за диско тогаш е време и за смел избор. Ултра кус фустан во сјајна боја заедно со чанта со златни детали и сличен прстен.
СЛИКА 4: Одберете коктел фустан со нежен принт. Минималистичкиот изглед закитете го со салонки во силна црвена боја и раскошен прстен. Плик чанта во нијанса слична на вашиот фустан е она што ви е потребно.
СЛИКА 5: Играјте си со трендот на сезоната и облечете кус фустан со металик сјај. Чанта со текстура и едноставни чевли се се што ви е потребно.
СЛИКА 6: Време е за ретро со едноставен металик фустан, црни обетки и забавна чанта со метална рачка.
Погледнете ја галеријата:
.gif)






















.gif)























