
Изберете гелови и купки со цитрусови екстракти кои освен што ќе ве загреат се одлични за пријатно утринско расположение.
Недостатокот на сонце во деновите кога студот и сивилото се постојано зад прозорците може да ве турне во навистина лошо расположение.
Утринскиот аларм како да ви стана најголем непријател, а ниските температури и се закануваат на вашата кожа на секој можен начин.
Што можете да сторите за нега на вашето тело, но и за расположението во зимските денови?
Утринска бања
Утринското туширање заменете го со десетминутна арома бања. Во топлата вода додадете неколку парчиња лимон или цитрон и неколку капки масло од розмарин или грејпфрут.
Изберете гелови и купки со цитрусови екстракти кои освен што ќе ве загреат и ќе ја хидратираат кожата се одлични за пријатно утринско расположение.
Овошните и тропските вкусови на вашиот лосин или крема за тело ќе ве натераат да се насмевнете на летните спомени.
Топли напивки
Топлиот чај од мента, камилица или некој овошен вкус е одличен почеток на денот. Додадете рум и мед и уживајте во предностите на топлината и здравите состојки од природните чаеви.
Освен чај внесувањето на доволно количество вода во текот на денот е задолжително. Во чашата вода додадете неколку парчиња лимон, цитрус или неколку ливчиња нане.
За вашиот ручек или вечера можете да се почестите со бокал црвено топло вино со цимет кое е богато со антиоксиданси кои ќе бидат добредојдени за нега на вашата кожа.
NotForMen препорака: Нега на кожата и усните во зима
Јаки бои
Градскиот автобус е доказ дека сиво-црните тонови се омилени за зимскиот период.
Бидете таа која ќе се одвојува од толпата! Доколку ви недостига храброст за црвен капут, розов шал или жолта чанта тогаш одлучете се за впечатливи аксесоари или барем нокти налакирани во јака боја.
Разнобојноста освен што ќе ве направи ултра модерни може да биде и одличен антидепресив за зимската атмосфера.
Зимски спорт
Време е викендов да го посетите лизгалиштето и да си дадете причина да се вљубите во зимскиот мраз. Или можеби повеќе ве привлекува идејата да ги пробате своите скијачки вештини на најбликата планина.
Повикајте го друштвото во авантурите на зимските спортови и верувајте дека телото ќе ви биде благодарно.
Шопинг
Проверен метод во борба со зимската депресија е шопингот. Најдобрата пријателка под рака и правец кон продавниците. Не мора да трошите цело богатсво за брендирани чевли, затоа што дури и некое ефтино и едноставно џемперче може да ве усреќи или можеби некој мини интересен аксесоар.
Погледнете ги козметичките средства за нега на вашето тело кои ќе ве расположат во утринските часови или можеби пред спиење!
.gif)





























.gif)























