
Најраспространетиот совет за одвикнување од грицкањето на ноктите е да ги премачкувате со специјално средство за зацврстување кое има горчлив вкус.
Нервоза додека сте во исчекување, здодевност на предавањето на факултет или едноставно навика додека гледате филм – во ниту еден случај грицкањето нокти не е привлечно и корисно како за здравјето така и за убавината на вашите раце.
Доколу и вие сте од оние 10% на возрасни кои не можат да се откажат од навиката за грицкањето на ноктите ќе ви понудиме неколку совети за да ги спасите ноктите, предните заби, како и организмот од бактериите кои можете да ги пренесете преку устата.
NotForMen препорака: Продолжете го векот на акрилните нокти
Витаминско средство
Најраспространетиот совет за одвикнување од грицкањето на ноктите е да ги премачкувате со специјално средство за зацврстување кое има горчлив вкус. Непријатниот вкус може да биде доволна причина да не посегнувате рацете да ги пикате во устата.
Ваквите „анти гризење“ средства можете да ги најдете во повеќето парфимерии и аптеки и препорачливо е во својот состав да содржат витамини кои ги зајакнуваат ноктите. За истата цел можете да употребите масло од лен или екстракт од кактус кои имаат специфично горчлив вкус.
Надградба на нокти или луксузен маникир
Убавиот изглед на вештачките нокти може да биде причина да не ги уништувате со грицкање. Освен тоа многу понепријатно е да ставате пластика во устата.
Освен со надградба на нокти можете да се обидете и со сложен луксузен маникир со темен лак или украсни детаљи на ноктите. Освен што овие услуги ќе ги платите поскапо ќе бидете водушевени од убавината на изгледот на ноктите па полесно ќе се контролирате да ги уништувате.
На пример одлучете се за темни впечатливи нијанси на кои веднаш се познава дали сте грицнале од ноктот.
Прибор за маникир
Секогаш при рака имајте прибор за маникир, односно мали ножички и турпија. Штом ги забележите неправилностите на некој нокт наместо забите искористе го приборот.
Освен што ќе ги средувате ноктите, нанесувајте безбоен лак зацврстувач во неколку слоја секогаш кога ќе имате време. Така ќе го отежнете процесот на грицкање и истовремено ќе ги зацврстите ноктите.
Некои од експертите препорачуваат оваа навика да ја контролирате со гума за џвакање. Така устата ќе ви биде зафатена и нема да ги ставате рацете во неа.
.gif)





























.gif)























