
Темните нијанси на лакови носете ги на кратки нокти со овална форма.
Домашните работи како и ниските температури може да бидат најголем непријател за изгледот на вашите раце и маникирот на вашите нокти.
За да ја заштитите кожата на рацете редовно нанесувајте крема која во својот состав содржи глицерин, а за екстремно сува и оштетена кожа се препорачува секоја вечер на рацете да нанесувате бадемово масло.
А доколку сакате да бидете забележани по уникатен маникир дознајте ги следниве неколку трикови!
Природен сјај и цврстина
Со постојаното нанесување на лак за нокти површината на ноктите може да пожолти и да го изгуби природниот сјај. Турпијање нема да го реши овој проблем , туку напротив може да ја оштети структурата на нокотот.
Рецепт за избелување на ноктите: Во мало стаклено шишенце ставете една лажица квалитетно маслиново масло и капнете 10 капки есенцијално масло од лимон кое има избелувачки својства. Добро протресете ја содржината, а потоа со памук нанесете по една капка на секој нокот и масирајте додека не впие маслото.
Доволно е еднаш неделно да ги држите ноктите во парчиња од лимон околу пет минути или во чинија со топла вода, морска сол и јод.
За бели и природно сјајни нокти во исхраната внесувајте доволно количество витамин А и Б12.
Нијанси, должина и облик
Оваа сезона заборавете на дречливите бои на лакови за вашите нокти. Бидете во тренд со темни нијанси како на пример мастилно сина, металик сива, бордо или маслинесто зелена.
Погледнете за какви нијанси на сина можете да се одлучите!
Темните нијанси на лакови носете ги на кратки нокти со овална форма. Пред да го нанесете темниот лак на ноктите нанесете тенок слој безбоен лак или лак за зацврстување со цел потоа да го олесните отстранувањето на темната боја.
Колоритен маникир
Колку и да звучи чудно, но оваа сезона трендовите налагаат максимално да експериментирате со идеите за маникирот на вашите нокти.
Можете сите нокти да ги лакирате во различни нијанси, единствено внимавајте нијансите да бидат хармонични, на пример сите земјени нијанси.
Можете да си направите француски маникир во боја. Бордо-златната или сино-сребрената комбинација се полн погодок за да бидете забележани со интересен маникир.
Изберете кои два исти нокта од двете раце ќе ги лакирате во друга боја за разлика од останатите нокти.
Поправете го зимското тажно расположение со колоритен маникир за кој ви се потребни неколку лакови со тенки четки и во различни бои и секако претпазливост и трпение да направите уникатни шари.
Доколку не сте баш умешни во тоа можете да си купите лепенки кои директно се лепат на ноктите, но и внимавајте да не претерате во китењето.
Погледнете неколку идеи за колоритен маникир за вашите нокти!
.gif)






























.gif)























