
Црната боја најлесно се вклопува со повеќето парчиња од вашата облека.
Црна тантела, сатен во боја или пријатен материјал со интересен дезен – кој е вашиот избор на градник?
На моменти секси и провокативни, на моменти нежни и романтични – токму вашиот градник може да открие детали од вашиот карактер. Дознајте повеќе!
Црна

Вие сте паметна и модерна жена. Практични сте и знаете дека црната боја најлесно се вклопува со повеќето парчиња од вашата облека. Доколку е од сатен, вие сте вистинска заводничка, а памучниот материјал открива дека сте жена од акција.
Во боја на кожа

Софистициран, но истовремено и практичен избор е градникот со нијанса како кожата. Не сакате комплицирани работи. Доколку има можност и за вадење на прерамките сте ја направиле вистинската работа и можете да уживате во нештата кои ги сакате.
Бела

Вие сте непоправлива романтичарка. Сакате прошетки во природа, книжевност и уметност. Во вашиот плакар доминираат удобни маици, необични кошули, големи очила и женски јакни.
Темни нијанси

Вие сте жена со стил и уживате да привлекувате внимание каде и да се појавите. Бидејќи имате авантуристички дух уживате во храната, пијалаците и забавите. Непредвидливи сте и интригантни!
Весели бои

Сакате забави, весели сте и полни со енергија. Вашите пријатели ја обожаваат вашата смисла за хумор и оптимистичкиот дух, а партнерот ужива во вашата појава во долна облека со интересен дезен и впечатливи бои.
.gif)






















.gif)























