
Tom Ford ги сака темно црвените нијанси со сјај, кои ќе им додадат боја на вашите комбинации во неутрални бои.
Црвениот лак за нокти е „must-have“ секоја сезона. Се работи за уникатна боја која никогаш нема да го изгуби својот шарм.
Црвените нокти се еден од најжешките трендови, без разлика дали ќе се одлучите за храбра и софистицирана нијанса или за младешка корално црвена нијанса. Тие не излегуваат од мода, се менуваат само трендовите на нијанси и облици на нокти.
ШТО ЗНАЧАТ ЦРВЕНИТЕ НОКТИ?
Вие сте свежа, самоуверена и не се плашите од драма. Огнената црвена боја е храбра, симболизира страст, оган и авторитет. Вие „врескате“: Погледни во мене!
Црвените нокти исто така покажуваат внатрешна сила и индивидуалност на личност која едвај чека моќно да ја исправи главата.
За црвен лак се одлучуваат жени со високо либидо.
NotForMen препорака: Ноктите го откриваат вашиот карактер
КАКО ДА ГИ НОСИТЕ ЦРВЕНИТЕ НОКТИ?
Црвените нокти се храбри, секси и класични. Постои ли нешто покласично од носење црвен лак на прстите на рацете и нозете?
Оваа боја најдобро изгледа на нокти со средна должина освен ако не сте љубител на вамп женствен фатален изглед.
Кога ќе се одлучите да нанесете црвен лак прво осигурајте се дека сите траги од стариот лак се комплетно исчистени. Црвениот лак има тенденција да остава дамки на вашите нокти, па како мерка за сигурност можете да нанесете основен премаз, па потоа црвен лак.
Без разлика дали сакате весела цреша или боја на темно црвено вино вие ќе изгледате отмено. Дизајнерот Tom Ford, кој се држи за тоа дека секој детаљ е важен, го направи вториот избор. Тој ги сака темните црвени нијанси со сјај, кои ќе им додадат боја на вашите комбинации во неутрални бои, ќе го изразат вашето расположение и ќе го комплетираат вашиот изглед.
Во пресрет на прославата за најлудата ноќ во годината ви даваме 20 предлози како вашите црвени нокти да бидат уникатни. Дизајнирани со многу светки, со новогодишни мотиви и повеќе нијанси на црвено, сите изгледаат преслатко.
Погледнете го нашиот избор и одлучете се за вашиот фаворит:
.gif)






















.gif)























