
За да ги обликувате веѓите употребете четка за заби на која ќе прснете лак за коса.
Не секогаш најскапите средства за убавина и третмани се гаранција за убавина, па затоа експертите откриваат мали трикови чие практикување ќе биде добредојдено за блескав изглед.
Спречете ја навреме појава на брчки и делувајте против акните, скротете ги разбушавенате коса и веѓи и дознајте како лакот за нокти и маскарата за нокти да ги направите подолготрајни.
Помалку брчки со свилена навлака за перница
Многу експерти препорачуваат да се користи свилена навлака за перница. Таа ќе ви помогне да ја зачувате влажноста на кожата, а и да се минимизира збрчкувањето на кожата во текот на спиењето, што резултира со помалку брчки и линии по кожата.
NotForMen препорака: Совети за убавина собрани ширум светот
Солена вода за кожа без акни
Растворете сол во топла вода и во солениот раствор потопете крпа. Исцедете ја крпата и поставете ја на вашето лице, мирувајте 10-15 минути, а потоа измијте го лицето со млака вода. Овој трик можете да го користите и за акни на градите и грбот.
Крај на разлетаната коса
Ако имате разлетана коса и не сакате да користите производи за стилизирање, исцедете лимон во вашиот шампон или регенератор. Сокот од лимон ќе ја направи вашата коса помазна и помека.
Несредени веѓи
Земете стара четка за заби и напраскајте ја со лак за коса. Потоа поминете со четката низ веѓите. Лесно ќе можете да ги фиксирате и да направите веѓите да изгледаат средено.
Исушена маскара
Ви привршува маскарата и тешко ви е да нанесете добар слој? Ставете ја маскарата во чаша со топла вода и оставете ја да стои две минути. Топлината ќе ви овозможи лесно да ја нанесете на вашите трепки.
Подолготраен лак за нокти
Пред да се лакирате, потопете ги рацете во топла вода и исчеткајте ги со мала четка. Со тоа ќе ги елиминирате сите остатоци од отстранувачот на лак и природните масла кои придонесуваат лакот побрзо да се оддели од ноктите. Така, нанесениот лак ќе трае подолго.
.gif)






















.gif)























