
Портокаловата боја и сите нијанси кои произлегуваат од неа и натаму ќе биде во играта на трендот. Наредната 2012 нема да погрешите доколку се одлучите за парчиња во впечатливо портокалова или бледо циглеста нијанса, советуваат од модните центри.

Пастелните нијанси секогаш се полн погодок. Следнава сезона смеете да комбинирате дури и повеќе од две пастелни нијанси. Тонови на валкано розово, нијанса на кајсија и бебешко сината слободно можете да ги мешате во иста комбинација на облека.

Боите кои беа карактеристични за модата од 70-ите години се вратија на големата порта на трендот. Земјени нијанси, окер жолто и маслинесто зеленa се боите актуелни на пистите и колекциите за претстојните сезони.

Кафената боја освен што остава впечаток на аристократска е одлична за зимските трендови. Но, модните експерти сметаат дека таа ќе биде застапена преку целата година затоа почнете да експериментирате со кафените нијанси уште веднаш.

Екстремно јаките бои исто така се изборија за своето место во трендот за претстојнава година. Црвена, сина или зелена се нијансите кои ќе ве направат забележани. Доволно е да имате некој детаљ во јака боја.
.gif)






















.gif)























