Официјалниот протокол налага шапките да бидат неизбежен дел од нејзината гардероба.
Неодамна модната индустрија доби нова икона на стилот, принцезата Kate Middleton. Според британскиот Vogue таа е се вбројува во најдобро облечените Британки, а Glamour ја прогласи за личност со најдобар стил за 2011 година.
Стилот на Kate Middleton е класичен, а нејзиниот избор најчесто се сведува на елегантни фустани со должина до колената. Освен парчиња од Alexander McQueen кој за неа ја креираше венчаницата, во нејзиниот плакар може да се најдат и парчиња од Zara и Topshop.
Кога станува збор за изборот на бои, таа ги претпочита аристократскo сината, црната и црвената, како и сите пастелни нијанси.
NotForMen препорака: Изглед на денот: Kate Middleton гламурозна во кадифе
Нејзиниот стил модните критичари го толкуваат на три начини. Можете да ја видите во секојдневна, вечерна или протоколарна комбинација и во сите три пригоди блеска во полн сјај.
Нејзината гардероба за секој ден ја сочинуваат деловни костуми, туники со ролка или фармерки.
При изборот на вечерни фустани таа ги избира моделите кои во долниот дел се шират, додека пак официјалниот протокол налага шапките да бидат неизбежен дел од нејзината гардероба.
Погледнете го нејзиниот неоспорен вкус за модата!

Секојдневните комбинации на Kate Middlеton се спој на едноставни и удобни парчиња облека дополнети со оригинален модел на макси чанта и рамни чевли, додека пак појавувањето на најразлични манифестации таа го искористува да го нагласи својот префинет вкус за модата со елегантни костими, капути и шапки кои одлично и прилегаат.

Еве како да го добиете нејзиниот стил!
.gif)





























.gif)























