
Француската убавина се должи и на квалитетното спиење и посветеноста на оброците.
Фактот дека француските жени преферираат природни производи за убавина можеби звучи изненадувачки, но токму тоа го покажале последните анкети. Според една од нив дури 56% од париските жени користат козметика направена дома, а ги заобиколуваат звучните козметички брендови.
Во Париз, европската престолнина на убавината, љубовта и светлината каде што се родени Dior и Chanel жените не се љубители на тешка шминка. 11% од нив дури воопшто не се ни шминкаат, а за најупотребувани средства се сметаа маскарата и сјајот за усни.
NotForMen препорака: Совети за убавина собрани ширум светот
Имајќи го во предвид неоспорниот факт дека Французинките се вбројуваат меѓу најубавите жени на планетата можете да употребите некои од нивните домашни рецепти за нега на кожата на лицето!
Француската убавина се должи и на квалитетното спиење и посветеноста на оброците. Секој оброк на француските жени трае најмалку 20 минути.
Кога станува збор за убавината на француските жени не може да не се спомене нивната харизматична природа дополнета со избор на посебен парфем. Мирисните ноти се моќни да ја нагласат вашата женственост на еден поинаков начин и да ја истакнат вашата нежна или страсна страна.
Не треба да ве потсетуваме дека треба да го нанесувате само на пулсирачките места по телото, а најдобар ефект ќе постигнете доколку поминете низ облак од вашиот парфем во воздухот.
Безвременскиот Chanel 5 е одличен избор доколку сакате да се почувствувате како вистинка дама!
.gif)





























.gif)























