
Тајната за тоа како топ моделите од 80-тите со годините изгледаат се поубаво и поубаво е спрејот за лице направен од вода и полномасни млеко.
Како им успева на холивудските ѕвезди и светските топ модели секогаш да изгледаат блескаво?
Нивната убавина и не секогаш се должи на скапите хируршки зафати, а свежиот тен на луксузните козметички средства. Ние успеавме да откриеме дел од нивните трикови чија примена е лесна и едноставна, а резултатот е зачудувачки.
Дознајте како да изгледате свежо!
Бело моливче за очи
Овој трик кој е особено популарен меѓу ѕвездите може вашиот поглед да го направи поотворен и поблескав. За да не изгледате како дух, треба да внимавате како го нанесувате белото моливче. Ставете го само на аглите на долниот дел од окото.
Спреј за лице
Тајната за тоа како топ моделите од 80-тите со годините изгледаат се поубаво и поубаво е спрејот за лице направен од вода и полномасно млеко.
Ваквиот спреј најдобро е да го користите свежо приготвен и тоа неколку пати во текот на денот. Тој овозможува одлична хидратација на кожата на лицето и го одржува тенот чист, изедначен и блескав.
Екстракт од пеперминт
Колагенски инјекции за полни усни? Не, бидејќи постои и природен начин вашите усни да изгледаат сензуално.
Екстрактот од пеперминт природно ги нагласува усните. Доволно е сосема мало количество од него кој ќе го нанесете директно на усните.
Џус од лимон
Свежо исцедениот сок од лимон преставува природно средство за чистење и тонирање на лицето.
Слободно можете да го употребувате наместо скап тоник за лице и тоа за минимизирање на порите на лицето.
NotForMen препорака: 6 поинакви совети за убавина
Џус од брусница
Освен што е корисен за пиење, сокот од брусница може да го користите и како спреј за коса односно средство за плакнење - советуваат холивудските ѕвезди. Тој содржи состојки кои на косата и даваат дополнителен сјај и магичен блесок.
Јагоди за белеење на забите
Ѕвездите со најпрепознатливи холивудски насмевки признаваат дека блескавата белина ја одржуваат со паста од пасирани свежи јагоди и малку сода.
Оваа смеса претставува еден вид маска за избелување на забите и се препорачува да се користи неколку пати во текот на неделата.
Еве ги советите за нега на кожата околу очите!
.gif)





























.gif)























