
Витамин Е e одговорен е за природна хидратација на кожата и ја штити од ултра виолетовите зраци.
Сигурно сте се запрашале колкава е ефикасноста на витамините во козметичките средства? Користа од нив за вашата кожа и коса е неоспорна, но дали во средствата за нега има витамини или можеби соодветна замена за нив?
NotForMen препорака: Со витамини до убава кожа
Молекулите на витамините поради нивната големина потешко навлегуваат во подлабоките слоеви на кожата, но дерматолозите сметаат дека нивното продирање е доволно само во горниот слој од кожата односно епидермисот.
За најпопуларни витамини во козметичките средства се сметаат витамините А, Е и Ц кои се одговорни за вашата убавина, здравје и младешки изглед.
Витамин А – ја прави кожата мека и еластична и ја подобрува нејзината структура и надворешниот изглед. Се препорачува за изедначување на тенот и спречување на појавата на брчки. Концентрираниот раствор на овој витамин може да предизвика алергиска реакција.
Што да јадете: жолчка од јајце, рибино масло, црн дроб, моркови, тиква, туна, диња...
Витамин Е – одговорен е за природна хидратација на кожата и ја штити од ултра виолетовите зраци. Исто така одличен сојузник е во борбата со предвременото стареење на кожата.
Што да јадете: житарки, мусли, авокадо, спанаќ, јаткасти плодови...
Витамин Д – ја подобрува регенерацијата на кожата и ја зголемува нејзината еластичност. Добар е во средствата за нега на кожата во есенско- зимскиот период и средствата против стареење.
Витамин Ф – се препорачува за чистење и навлажнување на сувата и чувствителна кожа како и за спречување на појавата на првут и опаѓањето на косата.
Витамин Б5 ( Д пантенол) – ги ублажува воспаленијата на кожата и ја подмладува изгледот на кожата. Ја регенерира оштетената структура на косата, ја измазнува и храни од самиот корен.
Против воспаленија и акни
Цинк - антиоксидант кој ја регулира работата на подокожните лојни жлезди.
Витамин А - ги намалува кожните воспаленија.
Витамин Б6 - ќе ви помогне во борбата со акните за време на ПМС.
Безживотна коса
Витамин А - го спречува опаѓањето и кршењето на косата.
Витамин Б3 - одговорен е за пигментацијата на косата. Користете го како суплемент или во состав на шампонот а да го спречите предвременото белеење на косата.
Витамин Б6 и Ф – го намалува првутот.
Витамин Б9 и Ф – за побрз раст и сјај на косата.
.gif)






















.gif)























