
Правилото за задолжителен осумчасовен сон е повеќе од задолжително доколку не сакате темните кругови околу очите да го уништат вашиот изглед.
Шминката може да биде заслужна за неодоливиот изглед на вашето лице, но мора да признаете дека нејзиното постојано нанесување и отстранување е заморно, а освен тоа и штети и на вашата кожа.
Дури и без шминка можете да изгледате убаво само е потребно да ги следите следниве неколку трикови кои вашиот изглед ќе го направат свеж и привлечен.
Повеќе сон
Правилото за задолжителен осумчасовен сон е повеќе од задолжително доколку не сакате темните кругови околу очите да го уништат вашиот изглед. Квалитетниот и редовен сон е предуслов за елиминација на поттечените кругови околу очите.
Доволно течности
Доколку сакате блескав тен консумирајте доволно количество на течности. Минимум 4 чаши чиста вода се задолжителни за да се отстранат сите токсини од вашиот организам, а во хидратацијата на кожата ќе ви помогне и внесувањето на зелен чај без шеќер.
NotForMen препорака: Светот во мало: 11 најдобри совети за убавина
Редовна хидратација
Единствено хидратираната кожа може да изгледа привлечно без шминка, па затоа внимавајте на средствата кои ги користите за таа намена.
Наутро и навечер користете крема за навлажнување во зависност на вашиот тип н кожа, а неколку пати во неделата овозможете си масажа на лицето и вратот со масло.
Заштита од сонце
Без разлика дали е лето или зима кремата со СПФ нека биде задолжително средство за пред излегување од дома.
Избирајте квалитетна крема која ќе ја заштити вашата кожа од негативните надворешни фактори, а за да ја спречите појавата на брчки околу очите носете големи очила за сонце.
Правилно обликувани веѓи
За да изгледате убави и без шминка потребно е да внимавате на обликот на веѓите. Доколку нивната боја е светла можете на козметичар да ги бојадисате во потемна боја, а обликувањето најдобро е да го препуштите на професионалните раце на козметичарката.
Средена коса
Чистата и убаво обликувана фризура допринесува за убав изглед без ни грам шминка. Најважно е во зимаските денови да ги избегнувате средствата кои во својот состав содржат алкохол и штетат на косата и употребата на врелиот воздух од фенот и пеглата да го сведете на минимум.
Глицеринска маст за усни и очи
За да го освежите изгледот нанесете мало количество глицеринска маст на усните и очните капаци, извиткајте ги трепките со подвиткувач за таа намена и подготвени сте да блеснете без ни грам шминка. Освојувајте со природната убавина!
.gif)






















.gif)























