
Кадифените нокти на шоуто на Ruffian ни го одзедоа здивот со луксузната текстура и вибрантните црвени и виолетови нијанси.
Дали сте расположени за експериментирање? Кој е најбрзиот, најекономичниот и најбезболниот начин? Нормално, маникирот!
Кога се работи за ноктите на модните писти дозволени се сите форми, бои и текстури. Така ние ви ги предлагаме највпечатливите од модната недела во NY:
Badgley Mischka: ФРАНЦУСКИ РАБОВИ
Модното шоу на Badgley Mischka со колекцијата инспирирана од германскиот филм Metropolois беше надополнета во тој дух и со маникирот кој го инкорпорираше импрезионизмот од 30-тите.
Темната нијанса меѓу бордо и виолетово беше надополнета со златни рабови на врвовите од ноктите. Оваа техника е наречена француски рабови, а не француски маникир.

NotForMen препорака: Уникатен маникир за вашите нокти
Ruffian: ОБРАТЕН ФРАНЦУСКИ МАНИКИР ВО БОЈА
Кадифените нокти на шоуто на Ruffian ни го одзедоа здивот. Луксузната текстура, вибрантните црвени и виолетови нијанси и долгите заоблени акрилни нокти додадоа одличен ефект во комбинација со богатите материјали и бои од колекцијата.
Ова е одлична идеја обратниот француски маникир да го направите со темни бои, наместо со стандардните бела и проѕирна.

Cynthia Rowley: ЕДЕН ПОИНАКОВ НОКОТ
Топлата нежна крем – кафена нијанса со мек портокалов сјај доминираше на модното шоу на Cynthia Rowley.
Потоа еден нокот од едната рака беше излакиран во темно сива боја, а еден од другата со бел лак со нежен сребрен сјај.

Nicole Miller: ПСИХОДЕЛИЧЕН МАНИКИР
Психоделичен маникир беше карактеристичен за модното шоу на Nicole Miller. Симболиката на временска машина навистина беше впечатлива.
Ноктите беа излакирани со нанесување на 4 различни бои на лак со чепкалка за заби. Тука се искористени: сината, жолтата, портокаловата и розовата боја.

.gif)






















.gif)























