
Зарем има нешто попривлечно од женски нозе иcтакнати со високи потпетици? Освен висината, пресуден е и моделот, материјалот и бојата на чевлите.
Погледнете ги оригиналните модели на салонки и шик кратките чизми со висока потпетица кои ги предлагаат светските дизајнерски имиња!
Салонки
Елегантните салонки кои се симбол на женската моќ ја усовршуваат дури и наједноставната комбинација на облека.
Црните се задолжителна класика за секоја дама, а за да го доловите еставагантниот момент на урбаната мода, одлучете се за впечатлива боја, специфичен материјал и оригинални детали.
Оваа сезона, носете салонки од змиска кожа, кадифе со анимал принт и мазна кожа во јаки бои, а за вечерниот коктел изглед, изберете салонки од сатен во неутрална боја.
Кратки чизми
И покрај високата потпетица, овие модели се синоним за удобност. Од црните кожени модели со крзно, до моделите со врзувачки, сите тие се вистински тренд сезонава.
Дневните комбинации дополнете ги со чизми со дебела потпетица, додека пак за вечерниот шик изглед изберете ултра тенка потпетица и модели со ременчиња или нитни.
За најхрабрите, дизајнерите нудат модел со платформа, со анимал мотиви и врзувачки на предниот дел.
.gif)






















.gif)























