
За вашиот гламурозен изглед одберете високи потпетици во јака портокалова или зелена боја, а шпиц салонките се вистински избор доколку сакате да ја нагласите елеганцијата на изгледот.
Погледнете што нудат светските дизајнери!
Портокалови модели
За најхрабрите дами портокаловите модели на високи потпетици со оригинални детали се вистинскиот избор. Високо октанските бои се добредојдени оваа сезона, а ултра високата потпетица и моделите на платформа ќе ви додадат екстра сексапил.
Зелени модели
За да внесете екстравагантност во изгледот одлучете се за потпетици во зелена боја. Дизајнерите предлагаат модели од превртена кожа или анимал принт во зелена нијанса.
Шпиц елеганција
Салонките со преден шпицест дел се одлично дополнување на фустан за вечерна комбинација или фармерки и сако. Ниската потпетица ќе ви овозможи удобност. Црните лакирани салонки се класичен универзален избор, а доколку сакате да бидете препознатливи одберете исти такви во боја.
.gif)






















.gif)























