
За удобен чекор оваа зима одлучете се за обувки со полна или не многу висока потпетица. Модните дизајнери предлагаат модели од превртена кожа и со додатоци од крзно во друга боја. За урбан изглед моделите со врзувачки на предниот дел се вистински избор.
Погледнете ги 15-те модели на зимски обувки со кои со сигурност ќе бидете во тренд!
Полна потпетица
Моделите на обувки со полна потпетица се одличен избор за вашите дневни комбинации на удобни парчиња, а исто така се практичен избор и за дополнување на вашиот деловен изглед.
Изберете интересна нијанса, а превртената кожа е хит број еден кога станува збор за изборот на материјали. Дизајнерите предлагаат модели со врзувачки на предниот дел.
Aldo (слика 1, 2 и 3), Steve Madden
Ниска потпетица
Моделите на обувки во кафени нијанси и со ниска потпетица се зимски тренд за кој нема да погрешите. Моделите со ременчиња или крзно се можност да ја нагласите оригиналноста на изгледот. Носете ги со чанта во иста кафена нијанса.
Aldo, Ann Christine (слика 4), Mango (слика 5)
Со крзно
Мекото и бушаво крзно како додаток на вашите обувки се зимска опција број еден. Освен што ќе ве стопли е и ултра модерен додаток за оваа сезона. Кафените и сивите нијанси се добредојдени, а крзното е препорачливо да биде во бела или кафена нијанса.
Aldo (слика 1 и 2), Chloe, Nine West, Peacocks
.gif)






















.gif)























