
Повторно за најголемата женска пасија – чевлите! Со висока потпетица, на платформа, со полна потпетица, со врзувачки и какви се не модели ви е се на располагање за да ја истакнете женственоста и да ја доловите оригиналноста на изгледот.
Погледнете што нудат светските дизајнери!
На полна потпетица
За претстојната пролет директно од модните центри се навестува трендот на модели со полна потпетица. Моделите пленат со оригиналната изработка од кожа и потпетицата од дрво.
Загарантирана удобност и шик модел е препораката за следнава сезона.
Chloe, Giuseppe Zanotti, Jimmy Choo, Lanvin, Marinini
На висока потпетица
Овие модели ќе ја остават без здив секоја жена бидејќи се идеално дополнување на секоја вечерна комбинација или одличен избор за секоја дневна појава. Изработени од квалитетен материјал и со софистициран модел овие високи потпетици се слаба точка на секоја дама.
Bally, Burberry Prorsum, Karl Lagerfield, Valentino, Giuseppe Zanotti
Универзална елеганција
Овие модели пленат со едноставноста која истовремено е предуслов за елегантна појава. Идеални се за дневни прошетки, но и вечерна елеганција. Песочната нијанса е класичен избор, додека моделите во јака боја ќе ја открие вашата младешка ултра модерна страна.
Jimmy Choo
.gif)






















.gif)























