
Доколку веќе имате спортски модел на долга јакна овој јануари искористете го да се подновите со елегантен капут и обратно, доколку веќе имате таков во својот плакар одберете долга јакна со капа.
Погледнете ги моделите кои ќе ве стоплат и ќе ве направат ултра модерни оваа зима!
Спортски модели
Спортскиот модел на долга јакна со капа и практичен материјал е одличен избор за секојдневните прошетки низ градот или за вашиот викенд на планина. Ann Christine нуди оригинални модели во црна и неколку нијанси на кафена боја.
Интересни копчиња
Едноставните модели на кратки капути со интересни копчиња ќе ви додадат доза на спортска елеганција. Деталите од кожа кај копчињата и крзното им даваат посебна софистицираност на овие модели.
Massimo Dutti, Ann Christine, Miss Selfridge, Oysho и Stradivarius
Строг крој
Еднобојниот едноставен модел на капут со строг крој е едноставен начин да ја нагласите елегантноста на изгледот. За вечерни излегувања можете да се одлучите за модели со ракави до лактите. Моделите со јака и во две бои одделени со прецизни геометриски линии исто така се ин оваа сезона.
Dorothy Perkins и Peacocks (слика 5)
.gif)






















.gif)























