
Ниските температури диктираат тренд на топли и удобни зимски аксесоари. Капата со крзно, плетениот шал и кожените ракавици се задолжителни модни парчиња кои освен што ќе ве стоплат ќе ве направат и ултра модерни на снегот.
Погледнете го изборот на светските дизајнери за оваа долга и студена зима!
Кожени ракавици
Ракавиците од мека кожа со додатоци од крзно се одличен начин да ги заштитите рацете од студот, а моделот со интересен детаљ ќе додаде доза на елеганција на вашиот зимски изглед.
River Island (слика 1, 2 и 3), Bershka, Masssimo Dutti
Сибирска капа
Овој модел на капа освен за на планина одличен е и за секое ваше излегување на улица. Моделите од превртена кожа во комбинација со крзно и плетените модели со интересен дезен се одличен избор за оваа сезона.
Tom Tailor (слика 1, 2 и 3), Ann Christine, New Yorker
Плетен долг шал
За да ви го стопли вратот шалот треба да биде долг и плетен, а за да го подобри вашето расположени нека биде во боја или бел исто како снегот. Плетеното е вистински тренд сезонава!
Tom Tailor, Pull&Bear (слика 5)
.gif)






















.gif)























