
За вашата вечерна појава одберете фустан во впечатлива боја и со едноставен модел. Од светот на модата се препорачуваат едноставни модели во јака боја, на пример огнено црвена, портокалова или окер жолта.
Еднобојните фустани се одлична можност да ја нагласите елеганцијата, а само еден интересен детаљ е пресуден да бидете забележани.
Изгледот дополнете го со елегантно сако, плик чанта и оригинални високи потпетици.
Погледнете ги 15-те модели на фустани!
Црвено
Црвениот фустан е вистински начин да блеснете на која било свеченост. Бидејќи и давате предност на впечатливата боја, моделот нека биде едноставен, односно не пренатрупат со детали.
Lanvin, Oscar De La Renta, Thakoon, Philosophy di Alberta Ferretti, Herve Leger
Портокалово
Портокаловата е уште една боја од виножитото која е одличен избор за вашиот вечерен фустан. Освен ултра модерна оваа боја е одличен начин да го подобрите расположението за време на вашето вечерно излегување.
Портокаловиот фустан носете го со салонки и чанта во крем или песочна нијанса, а за повеќе раскош додадете златен накит.
Christopher Kane, Giambattista Valli, Lanvin, Philip Lim, Ralph Lauren
Жолто
Нема да погрешите доколку се одлучите за окер жолта боја на вашиот фустан. Всушност сите нијанси на жолто се добредојдени за оваа сезона. Оригиналноста на изгледот дополнете ја со детали во кафена нијанса.
Alexander McQueen (слика 1 и 2), Prabal Gurung, Giambattista Valli (слика 4 и 5)
.gif)






















.gif)























