
За вашиот деловен изглед или едноставно кафе средбата со пријателките или саканиот блеснете во кошула со панделка на врзување на вратот, кожено здолниште и оригинални високи потпетици. Моделите избирајте ги во зависност од вашата фигура и истовремено внимавајте на комбинирањето на боите.
Погледнете ги предлог парчињата кои можете да ги комбинирате за вашата атрактивна и ултра модерна појава!
Елегантни кошули
Кошулата со панделка на врзување на вратот е вистински хит оваа сезона. Совршен избор за вашиот деловен изглед, но и избор број еден доколку сакате да ја нагласите елеганцијата. Носете ја со едноставно високо струкирано здолниште или широки панталони.
Personage, River Island, Massimo Dutti, Mango (слика 4 и 5)
Кожени здолништа
За екстравагантна појава следете го најновиот холивудски тренд – носете еднобојно кожено здолниште. Едноставните модели имаат предност. Можете да се одлучите за разигран модел со висок струк или едноставен тесен модел со должина до колената.
Acne, H&M, Mango, Rag&Bone (слика 4 и 5)
Оригинални салонки
Вашиот изглед не би бил комплетен без оригинални чевли со висока потпетица. Салонките со принт од животинска кожа, шпиц моделите како и оригиналните модели во неколку бои се вистински начин да ја наглaсите женственоста на целокупниот изглед.
Dorothy Perkins, Miss Selfridge, Nine West, Aldo (слика 4 и 5)
.gif)






















.gif)























